Со победата над Рапид со 2:0, Салцбург и официјално ја комплетираше новата шампионска титула во австриската Бундеслига. Пред големото дерби, тимот на Џеси Марш имаше доволно бодови да го потврди освојувањето на осмата шампионска титула по ред, но најефикасниот стрелец во лигата, Петсон Дака, не остави ништо на случајот. Ова е трета двојна круна по ред за „биковите“, и 15-та шампионска титула.
Author: saso
Фудбалерите на Раборнички во последното коло од првенството ќе и гостува на Ренова во Тетово, а шефот на стручниот штаб Александар Влахо е задоволен од изданието на тимот и триумфот на последниот меч. Тој посебно ја потенцира добрата игра на младите фудбалери кои треба да бидат носители во следната сезона. „Одигравме квалитетен натпревар против Силекс, иако можеби на почетокот малку деконцентрирано влеговме во дуелот. Примивме гол по една индивидуална грешка, но тимот покажа карактер, брзо се вративме и израмнивме, а потоа имавме уште неколку шанси . Во второто полувреме постигнавме уште два гола за триумф, а посебно сум среќен затоа…
Бостон Селтикс ќе биде значително ослабен до крајот на сезоната. Тимот од Масачусетс остана без еден од своите главни кошаркари, Џејлен Браун. Тој ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на левиот зглоб. Како што се наведува, вчерашните медицински прегледи покажале дека Браун го скинал лигаментот, па затоа ќе биде потребно подолго закрепнување. Браун сезонава има просек од 24,7 поени, 6 скока и 3,4 асистенции по натпревар, и ова е неговата најдобра сезона во кариерата.
На денот на кој го прославува својот 37-ми роденден, Андрес Иниеста доби нов договор со јапонскиот тим Висел Кобе. Како што објавија од клубот, искусниот Шпанец останува уште една година во дресот на Кобе. Екс-ѕвездата на Барселона денеска го прославува својот 37 роденден, а тоа беше причина со раководството на јапонскиот клуб да го продолжи договорот до летото 2023 година.
Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека навивачите ќе можат да се вратат на натпреварите во Премиерлигата од следниот понеделник (17 мај). Владата на Британија започна да го спроведува третиот чекор во олеснувањето на ограничувањата за време на пандемијата на коронавирусот. Големите арени ќе овозможат и до 10.000 навивачи на трибините или максимум 25% од капацитетот, а кај малите стадиони ќе биде дозволено присуство на максумум 4.000 навивачи или 50% од капацитетот. Премиерлигата претходно го премести претпоследното коло на 18 и 19 мај, така што секој клуб може да игра со навивачи на затворањето на сезоната. На стадионите ќе може да…
Роналд Куман, по се изгледа, ќе мора да ја напушти функцијата на крајот од тековната сезона, објави ЕСПН. Според изворот, неколку директори сметаат дека стилот на игра на Куман не е во согласност со долгорочните цели на клубот и ќе се откажат од него дури и ако Барселона го освои шпанскиот шампионат. Куман го презеде кормилото на Барселона во август 2020 година, а има активен договор до крајот на следната сезона.
Малиот лондонски тим Фулам од синоќа и официјално се враќа во Чемпионшип лигата. По поразот од екипата на Барнли со 2:0, Фулам и математички испадна од Премиер лигата и следната сезона ќе игра во второто по ранг фудбалско натпреварување во Англија. Претходно, Шефилд Јунајтед и Вест Бром исто така останаа без можност да се спасат, па веќе е комплетирано триото кое следната сезона се сели во понизок ранг на натпреварување. Норич и Ватфорд се првите два тима кои се враќаат во елитата. Третиот тим ќе биде одреден по одигрувањето на плејофот.
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо го пропуштил тренингот на тимот по натпреварот со Милан (0:3) и заминал во фабриката на Ферари. Утрово Португалецот требаше да учествува на редовниот тренинг, но заедно со претседателот на клубот Андреа Ањели и претседателот на бордот на директори на Јувентус, Џон Елкан, фудбалерот ја посетил фабриката каде се произведува Ферари. Калчомеркато, пак, тврди дека Роналдо заминал во Ферари за да си купи нов автомобил.
Интер ќе биде принуден да продаде најмалку една од своите sвезди ова лето за да ја пополни огромната финансиска дупка во својот буџет, тврди „Кориере дела Сера“. Сопствениците на клубот, холдингот Сунинг доживуваат финансиски тешкотии кои сериозно влијаат и на клубот. Според информациите, Интер е подготвен да стави на трансфер пазарот некој од двоецот Лаутаро Мартинез – Алесандро Бастони. Секој од нив може да се даде сериозна сума во касата на клубот, што ќе обезбеди средства за летната селекција на италијанскиот шампион. Лаутаро Мартинез веќе долго време е во центарот на вниманието на Барселона и Манчестер Сити, кои внимателно ја…
Антон Фетисов, директорот на одделот за односи со јавност во Спартак (Москва), со сопругата бил нападнат од поголема група луѓе на излегување од ресторан. Фетисов бил пренесен во болница и сместен на интензивна нега. Во моментов е свесен, но има многу повреди, а особено е сериозна повредата на мозокот. Полицијата веќе започна истрага за инцидентот. „Згрозен сум! Веројатно се работи за пијани луѓе, но ова се само претпоставки. Му посакувам да биде силен заради своето семејство“, објави на социјалните мрежи познатиот руски новинар Василиј Уткин. Засега е нејасно дали нападот врз Фетисов е поврзан со неговите професионални должности. Спартак е…
