Author: saso

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик откри дека разговарал со германскиот фудбалски сојуз за преземање на репрезентацијата. Младиот специјалист претходно објави дека ги напушта Баварците, а германските гиганти веднаш најдоа замена во лицето на Јулијан Нагелсман. „Веќе имаше разговори, исто така со Оли Бироф“, рече Флик. „Сите сме фокусирани на Баерн. Иднината е далеку од јасна. Ќе почекам и ќе видам што ќе се случи. Да се ​​биде селектор на Германија е нешто посебно. Имате тим од најдобрите играчи во земјата. Поминав прекрасен период таму и знам што да очекувам”, додаде тој.

Read More

Денеска ќе биде познато името на новиот освојувач на Купот на Македонија во женска конкуренција. Во финалето на ова натпреварување кое го носи по името на легендарниот Благоја Георгиевски – Буштур, ќе се сретнат Бадел 1862 и Баскет Кам, мечот е закажан со почеток во 17 часот во СРЦ Кале. Во полуфиналните дуели вчера, Бадел беше подобар од Крива Паланка, додека Баскет Кам успеа да го запре бранителот на трофејот од минатата година, Вардар.

Read More

Екипите на Барселона, Јувентус и Реал Мадрид издадоа заедничко соопштение како одговор на санкциите што ги воведе УЕФА против другите девет клуба кои се повлекоа од Европската Супер лига. Една од казните што може да ги добијат трите клуба е исфрлање од Лигата на шампионите во следните две сезони откако одбија да ги преземат „мерките за реинтеграција“ утврдени од УЕФА во петокот вечерта. Како што е познато, вчера беше постигнат договор со девет од 12-те клуба – Арсенал, Челзи, Атлетико Мадрид, Милан, Интер, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Клубовите потпишаа Декларација за посветеност со цел да се избегнат…

Read More

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон ја повика УЕФА да го пресели финалето на Лигата на шампионите од Истанбул во Англија. Тој вели дека ова ќе значи дека навивачите на Челзи и Манчестер Сити кои сакаат да го гледаат финалето на 29 мај нема да треба да одат карантин десет дена во Англија по враќањето од Турција. „Лигата на шампионите е шлаг на тортата на европскиот клупски фудбал. Две англиски екипи се во финалето и би било штета ако навивачите не можат да присуствуваат на натпреварот. Би било одлично да го преместиме натпреварот, а најдобро е да бидеме домаќини. Сакам…

Read More

Sвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски може да ги смени клупските бои ова лето. Според ЕСПН, Полјакот се повеќе размислува за заминување од Баварија. Финалистите во ЛШ, Челзи и Манчестер Сити сакаат да се обидат да го привлечат 32-годишниот Левандовски во своите тимови. Доколку Баерн се согласи да започне преговори за трансфер на Полјакот, ќе побара најмалку 60 милиони евра за неговите услуги. ПСЖ е исто така заинтересиран за напаѓачот, но сите постапки на парижаните на трансфер пазарот зависат од иднината на Килијан Мбапе.

Read More

Денеска и официјално стартува Куп завршницата во женска конкуренција. Трката за трофејот „Благоја Георгиевски Буштур“ во женска конкуренција денеска почнува со полуфиналните дуели меѓу бранител на тронот Вардар и екипата на Баскет Кам 2011 во 17 часот, а претходно во првото полуфинале од 14 часот ќе играат Бадел и Крива Паланка. Финалето е закажано за во недела (17 часот).

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија вчера ги доби противниците за Еп 2022, а веќе од денеска, навивачите можат да набавуваат билети за престојните настапи на првенството на Стариот континент. Македонија ќе игра против Словенија, Црна Гора и Данска на Европското првенство во Унгарија и Словачка следната година. Македонија се најде во групата „А“, што значи дека нашите дуели ќе се играат во унгарскиот град Дебрецен. Денеска ќе стартува продажбата на билетите за мечевите во Дебрецен и Сегед. Дневен билет (кој ги вклучува двата меча) може да се купи за 14 евра од четвртата категорија, додека оној од првата категорија чини 33…

Read More

Иднината на играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба останува неизвесна. Според „Скај Спортс“, англискиот клуб сè уште не започнал преговори за продолжување на договорот со Французинот, чиј сегашен договор со Јунајтед ќе истече летото 2022 година. Во овој момент, Погба е фокусиран на завршување на сезоната со Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Франција која се подготвува за Евро 2020. Манчестер Јунајтед има намера да го реши прашањето за иднината на 28-годишен фудбалер во блиска иднина, бидејќи по 7 месеци играчот ќе има право да потпише прелиминарен договор со кој било клуб. На почетокот на декември, агентот Мино…

Read More

Алесандро Флоренци се надева дека Рома ќе ја освои титулата во Серија А со доаѓањето на Жозе Мурињо, но сепак не е сигурен за неговата иднина во ПСЖ. „Специјалниот’ беше назначен за тренер на Рома на почетокот на оваа недела, а Флоренци на социјалните мрежи реагираше позитивно на новата вест. „Тоа е здив на свеж воздух за сите, Мурињо е еден од тренерите со најмногу искуство и личност која ќе може да ја контролира римската средина, се надевам дека ќе излезе добро“, изјави италијанскиот репрезентативец. Дали Рома може да ја освои титулата со Португалецот на клупата? „Како навивач, се надевам…

Read More

34-годишниот уругвајски напаѓач во дресот на Манчестер Ј., Единсон Кавани синоќа со двата гола на мечот со Рома во Лигата на Европа, стана првиот играч кој постигнал по два гола на секој од двата полуфинални натпревари во некое европското натпреварување уште од деновите на Клаус Алофс. Легендарниот германски репрезентативец последен пат вакво нешто направи во сезоната 1985/86, кога во дресот на Келн погодуваше по двапати во двете полуфиналиња против Реал (М) во Купот на УЕФА. Оваа сезона Кавани одигра 34 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, со 14 постигнати голови и пет асистенции.

Read More