Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон ја повика УЕФА да го пресели финалето на Лигата на шампионите од Истанбул во Англија. Тој вели дека ова ќе значи дека навивачите на Челзи и Манчестер Сити кои сакаат да го гледаат финалето на 29 мај нема да треба да одат карантин десет дена во Англија по враќањето од Турција.
„Лигата на шампионите е шлаг на тортата на европскиот клупски фудбал. Две англиски екипи се во финалето и би било штета ако навивачите не можат да присуствуваат на натпреварот. Би било одлично да го преместиме натпреварот, а најдобро е да бидеме домаќини. Сакам да им помогнам на навивачите на двата тима да ги гледаат своите фаворити од трибините“, изјави Џонсон за „Сан“.
Засега, УЕФА сака Челзи и Манчестер Сити да играат според планираното на стадионот Ататурк во Истанбул.