34-годишниот уругвајски напаѓач во дресот на Манчестер Ј., Единсон Кавани синоќа со двата гола на мечот со Рома во Лигата на Европа, стана првиот играч кој постигнал по два гола на секој од двата полуфинални натпревари во некое европското натпреварување уште од деновите на Клаус Алофс.
Легендарниот германски репрезентативец последен пат вакво нешто направи во сезоната 1985/86, кога во дресот на Келн погодуваше по двапати во двете полуфиналиња против Реал (М) во Купот на УЕФА.
Оваа сезона Кавани одигра 34 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, со 14 постигнати голови и пет асистенции.

