Денеска ќе биде познато името на новиот освојувач на Купот на Македонија во женска конкуренција. Во финалето на ова натпреварување кое го носи по името на легендарниот Благоја Георгиевски – Буштур, ќе се сретнат Бадел 1862 и Баскет Кам, мечот е закажан со почеток во 17 часот во СРЦ Кале.
Во полуфиналните дуели вчера, Бадел беше подобар од Крива Паланка, додека Баскет Кам успеа да го запре бранителот на трофејот од минатата година, Вардар.

