Author: saso

Ракометарите на Вардар и на Еурофарм Пелистер, денеска (17.30 ч.), во салата „Автокоманда“ во Скопје, ќе се сретнат во 28-то финале на Купот на Македонија. „Вардарци“ вечерва ќе играат за 14-та, додека, пак, Еурофарм Пелистер ќе се обиде да стигне до шестата куп-титула. Последен пат во финалето на Купот на Македонија, Вардар и Еурофарм Пелистер играа во 2017 година, кога „вардарци“ со победа од 31-26 стигнаа до својот 12-ти трофеј. Својата петта последна куп-титула битолчани, пак, ја освоија во 2005 година, кога во финалето беа подобри од Металург, со 28-25.

Read More

Раководството на Формула 1 официјално објави откажување на трката за Големата награда на Турција. Трката во Истанбул во 2021 година нема да се одржи поради ограничувања поврзани со тешката состојба со коронавирусот во земјата. Наместо Големата награда на Турција, либерти медија одлучија да одржат втора трка на патеката во Австрија. Како резултат на промените, Големата награда на Франција ќе се одржи една недела порано – 18-20 јуни, а потоа Формула 1 ќе одржи две трки во Австрија: 27-27 јуни и 2-4 јули.

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Курасао, легендарниот Холанѓанец Гус Хидинк нема да може да го води тимот во квалификациите за СП 2022. Поранешниот селектор на „лалињата“ се опоравува од коронавирусот кој го поминал со многу потешка клиничка слика. 74-годишниот Хидинк побарал од директорот на академијата на Барселона, Патрик Клајверт, да го замени на претстојните квалификациски средби на чело на Курасао. Клајверт ја прифатил неговата покана и побарал од претседателот на Барса, Жоан Лапорта, да го ослободи за привремена работа во репрезентацијата на Курасао. Лапорта му дозволил, по што Клајверт ќе биде на клупата на оваа селекција на 5 јуни против…

Read More

Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос, се уште не се одлучил за својата иднина. Каталонскиот весник „Спорт“, денеск апишува дека претседателот на мадридскиот клуб, Флорентино Перез, нема да го смени првичниот предлог за продолжување на договорот. Тој не сака да прави исклучоци за никого, па ниту за Рамос, кој како постар играч (35 години) нема да добие договор на 2 години. Капитенот на Реал Мадрид не е задоволен од ваквиот став, па според весникот, веќе имал првични контакти со преставници на ПСЖ.

Read More

Репрезентацијата на Полска претрпе сериозен удар на само еден месец пред првиот натпревар на Евро 2020. Имено, денеска стана јасно дека Полјаците на ЕП ќе мора да одат без напаѓачот на Херта, Кшиштов Пјонтек. Пјонтек има скршеница на скочниот зглоб, потврди и Полскиот фудбалски сојуз. Поранешниот играч на Милан се здоби со повреда минатата среда во победата на Херта против Шалке во Бундеслигата со 2:1. „Операцијата е неопходна. Пјонтек ќе има пауза од три или четири месеци”, вели Јацек Јарошевски, лекар во полската репрезентација.

Read More

Денеска во салата во Автокоманда во Скопје почнува завршницата на ракометниот куп на Македонија. Во наредните три дена ќе се играат завршните битки во Купот и во машка и во женска конкуренција. Во машка конкуренција полуфиналните натпревари на програмата се денеска, додека дамите на терен ќе излезат в петок. Финалните натпревар се закажани за во сабота. РАКОМЕТ, КУП НА МАКЕДОНИЈА Полуфинале 16.30 Металург – Вардар 19.00 Бутел – Е. Пелистер

Read More

Арсенал размислува да влезе во битка за потписот на напаѓачот на Атлетико (М), Муса Дембеле, кој е под договорна обврска со Олимпик Лион. Лондончани гледаат на 24-годишниот Французин како потенцијална замена за Александар Лаказет и Едвард Нкетија, кои може да ги сменат клупските бои на крајот на сезоната. Атлетико има опција да го откупи Дембеле за 30 милиони фунти, но бидејќи напаѓачот одигра само 6 натпревари за Атлетико, Лион може да го продаде за 25 милиони фунти.

Read More

Екипата на Челзи синоќа загуби со 0-1 од Арсенал во натпревар од 36. натпревар од Премиер лигата и интересно е тоа што „сините“ го претрпеа само третиот пораз под водство на Томас Тухел и сите три беа на домашен терен. Челзи претходно загуби на „Стемфорд Бриџ“ од Порто (0:1) и од Вест Бром (2:5). Германецот ги презеде „сините“ на крајот на јануари. Вкупно, под негово водство, лондонскиот клуб одигра 26 натпревари на сите турнири со обезбедени 17 победи и 6 нерешени средби.

Read More

Тренерот на катарски Ал-Сад, Чави ќе го продолжи договорот со клубот. Поранешниот фудбалер на Барселона одлучи да продолжи да работи со тимот уште две сезони, со тоа потиснувајќи ги гласините дека може да го води каталонскиот клуб следната сезона. Ал-Сад, заедно со Чави, станаа шампиони на Катар за сезоната 2020/2021, минувајќи ја целата сезона без пораз. Шпанскиот тренер го води тимот од 2019 година. Пред тоа тој играше за катарскиот клуб како фудбалер.

Read More

Словенечкиот ски-скокач Јернеј Дамјан, објави дека ја завршува својата спортска кариера по 15 години активно натпреварување во Светскиот куп. „Време е да се збогуваме со летањето. Скокањето е најважната работа во мојот живот скоро 28 години. Сепак, моето тело сега ми кажува дека е доволно. Ќе останат одлични спомени. Долги летови, падови, прекрасни моменти. Едно патување заврши, време е да тргнам на друго“, рече Дамјан. Тој за прв пат се натпреваруваше на СП 2004 година. Оствари две победи, последната во финската Рука во 2017 година. Со репрезентацијата на Словенија стигна до среброто во 2018 година и бронзата во 2012 година…

Read More