Author: saso

Сопственикот на Манчестер Сити, Шеикот Мансур, ќе ги покрие трошоците на фановите кои ќе го поддржуваат тимот во Португалија во финалето од ЛШ. Финалето беше преместено од Истанбул во Порто, па двата финалисти добија по 6.000 билети за своите фанови. Натпреварот ќе се одигра на 29-ти мај. „Пеп и тимот одиграа фантастична сезона. Пласманот во финалето од Лигата на шампиони претставува историски момент за клубот. Затоа е многу важно колку што може повеќе фанови да присуствуваат на тој специјален меч. Особено тие кои го поддржуваат Манчестер Сити многу години во добро или лошо“, изјави сопственикот на Сити.

Read More

Микел Артета денеска ја потврди веста која ја најави „Дејл меил“ дека Давид Луиз нема да стави потпис на нов договор и си заминува по крајот на оваа сезона. Искусниот бразилски стопер става крај на авантурата во Арсенал по точно две сезони иако на големо се шпекулираше дека ќе си замине уште по првата година. „Вистина е, Давид Луиз си заминува. Тој е играч кој освои се во фудбалот и има право да носи самостојни одлуки. Тој е фантастичен играч и фантастична личност. Беше привилегија да се работи со него во изминатите 18 месеци откако сум тука. Тој многу ми…

Read More

Македонскиот судиски интернационалец, Александар Ставрев, ќе биде главен судија на финалето во Купот на Македонија. Финалето на националниот куп е на програмата во среда на Националната Арена во Скопје. Познато е дека во битката за пехарот се среќаваат екипите на А. Пандев и Силекс, а мечот стартува во 19 часот. На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, додека четврти ќе биде Марјан Маркоски, кој со овој меч веројатно се простува од својата долгогодишна успешна судиска кариера.

Read More

Интер потврди дека повторно ги отвори разговорите со претставниците на Лаутаро Мартинез околу новиот договор за Аргентинецот. Напаѓачот беше важен член на шампионскиот тим на миланезите со 16 голови и девет асистенции на 37 натпревари во Лигата. Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ја следат ситуацијата на 23-годишниот фудбалер во Интер, бидејќи клубот е во финансиски тешкотии, а разговорите за договорот се во застој. „Газета дело Спорт“ известува дека „нероаѕурите“ сега контактирале со претставниците на Лаутаро за да ги решат актуелните проблеми. Весникот тврди дека Интер покажал желба да го задржи центарфорот и ќе се обиде да го продолжи со нов…

Read More

Сезоната во СЕХА Газпром лигата ќе заврши со осминафиналните дуели меѓу Вардар1961 и Металопластика. Победникот од тој двомеч ќе се пласира во четврт-финалето на СЕХА лигата чии дуели дополнително ќе бидат закажани, но ќе се играат во август. Вардар1961 и Металопластика се договорија своите две средби од осмина-финалето да ги одиграат во Скопје, на 7 и 8 јуни. Првата средба е закажана за 7 јуни со почеток во 17,30 часот. Следниот ден, на 8 јуни ќе се игра у вториот меч, повторно во 17,30 часот. Тоа ќе бидат и последни средби за Вардар1961 сезонава бидејќи претходно планирано е домашното првенство…

Read More
NBA

Со одигрувањето на последните натпревари синоќа, заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. По 6 тимови од двете конференции веќе обезбедија место во плеј-офот, додека оние од 7. до 10. место ќе играат во т.н. плеј-ин. Единствена непозната пред вчерашните последни мечеви беше судбината на Лејкерс, дали ќе се пласираат директно во плеј-офот, или ќе треба тоа да го направат прелку меч од плеј-ин. Тие го победија Њу Орлеанс со 110-98, но Портланд го доби својот дуел со Денвер со 132:116, па ја одбрани позицијата 6. Лејкерс остана на седмото место и ќе игра плеј-ин против Голден стејт. НБА…

Read More

Првиот тренер на Сасуоло, Роберто Де Зерби, по мечот со Парма (3:1) објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната во Серија А. Од поодамна се зборува дека тој е близу до преземање на украински Шахтјор. „Пред натпреварот против Џенова минатата недела разговарав со управата на клубот и играчите. Им реков дека донесов одлука да заминам. Оваа одлука ме загрижи екстремно и не ме направи среќен, но заминувам, бидејќи верувам дека повеќе не можам да дадам ништо на овој тим. Се чувствувам како да сум го достигнал плафонот во овие три години. Се надевам дека новиот тренер ќе…

Read More

Барселона го совлада Челзи со 4-0 во финалето од женската Лига на шампиони, и со тоа каталонскиот клуб го освои женскиот турнир за првпат во својата историја. Фудбалерките на Барселона беа незапирливи и постигнаа извонреден резултат со што станаа првиот клуб кој ги има освоено и машкото и женското издание на ЛШ на УЕФА. „Мислам дека не треба да бараме никаква грешка во тимот на Челзи. Овој тим на Барселона е можеби најдобриот клупски тим во женскиот фудбал во моментов. Нивната победа е заслужена”, изјави Тим Стилман, аналитичар на Гардијан.

Read More

Голманот на Ливерпул Алисон Бекер едвај ги задржа своите емоции по голот за победа од 2:1 против Вест Бромвич Албион, кој практично го остави Ливерпул во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Бекер не само што го постигна првиот гол во својата кариера, туку стана и првиот голман кој постигнал гол за Ливерпул во клупската историја. „Целта беше само да влезам и, ако е можно, да им помогнам на моите соиграчи влечејќи дефанзивец со мене. Сепак, никој не ме следеше и имав среќа што топката дојде директно кон мене и успеав да ја внесам во мрежата. Не ме прашувај…

Read More

Македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски, ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на Олимписките игри во Токио кои ќе се одржат годинава од 23 јули до 8 август. Оваа информација ја пренесе тренерот на таеквондо клубот „Бутел“, Дарко Костовски, на својот фејсбук профил. „Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“, вели Костовски. Георгиевски минатата недела на квалификацискиот турнир во Софија ја обезбеди олимписката норма за настап на ЛОИ во токио победувајќи го актуелниот олимписки шампион Радик Исаев…

Read More