Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, кој оваа недела игра на турнирот во Белград, заборуваше за својта форма пред Ролан Гарос. „Сè организирам на таков начин што ќе го достигнам врвот во Париз. Во Белград, играњето е важно за мене, важно е да разработам одредени детали од играта и идеално да ги прилагодам на Париз. Таму сакам да блеснам. Тоа ќе биде Грен слем, двонеделен турнир во земја, кој бара многу. Но, јас сум задоволен од тоа како се чувствувам на теренот, како играм. Се надевам дека ќе успеам да стигнам до финалето. Сега имаме програма на која се придржуваме и…
Author: saso
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, по натпреварот од последната рунда во Серија А со Аталанта и победата од 2:0 која на „росонерите“ им донесе учество во Лигата на шампионите, ја прокоментира цела сезона и настапот на Милан. „Второто место на табелата го заработивме со нашиот труд во текот на целата сезона. Главната силина на тимот е тоа што не се повлекуваме во тешки моменти. Многу сум горд на менталитетот на тимот, кој го градевме во текот на сезоната. На 19 натпревари од 38 игравме без Златан, секако дека тоа имаше големо влијание на нашиот учинок, но ова е само почеток…
Ливерпул оваа сезона направи многу пропусти и имаше исклучително тешка сезона. Тоа ќе го натера менаџерот Јирген Клоп да направи играчки промени во тимот за следната сезона. Прв кој ја напушта екипата е Џини Вајналдум на кого летово му истекува договорот. Исто така си заминува и Џердан Шаќири за кого интерес пројавува Жозе Мурињо, кој од следната сезона ќе седи на клупата на Рома. Следната сезона си оди и Наби Кеита, кој е големо разочарување и се шпекулира дека следен клуб ќе му биде Атлетико Мадрид. Бидејќи веќе го купи Конате од Лајпциг, Јирген Клоп ќе го врати Озан Кабак…
Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс е близу до потпишување на нов договор со клубот. Според „Телеграф“, Шкотланѓанецот ќе потпише нов тригодишен договор со „чеканите“. Поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер Јунајтед ќе биде награден со нов договор за одличната сезона на Вест Хем во Премиер лигата. „Чеканите“ моментално се наоѓаат на шестото место во лигата, а до пред неколку недели беа блиску до учество во Лигата на шампионите.
Лидс Јунајтед започна разговори со Манчестер Сити за купување на Џек Харисон. Според „Дејли Стар“, „граѓаните“ се подготвени да го продадат фудбалерот за 15 милиони фунти Крилниот напаѓач стана составен дел од почетната постава на Марсело Биелса оваа сезона во која настапува како позајмен од Сити. Харисон беше дел од Лидс во последните три години и играше голема улога во промовирањето на тимот во Премиер лигата.
Наполи ќе направи вистинска „чистка“ во тимот ова лето. Според „Газета дело Спорт“, наполитанците планираат да се разделат со петмина свои главни играчи. Според информациите објавени во медиумите блиски до клубот, со сигурност ќе бидат продадени централниот дефанзивец Калиду Кулибали и играчот за врска Фабијан Руиз, додека Хисај и Никола Максимовиќ ќе заминат како слободни агенти. Готово е и заминувањето на Бакајоко кој ќе се врати во Челзи. Тренерот Џенаро Гатузо исто така ќе го напушти Наполи. Иднината на стратегот е позната веќе неколку месеци, додека одлуката за продажба на клучните играчи е последица на планираното намалување на платите во…
Македонскиот селектор, Игор Ангеловски, пред новинарите денеска го објави списокот на фудбалери со кои ќе замине на ЕП, и коментираше за очекувањата од дебитантскиот настап. „Среќен сум и горд што конечно дочекавме селектор да објавува список на играчи за ЕП. Овие момци многупати ја направија оваа земја горда и се надевам дека истото ќе се случи и на ЕП. Знаеме со каков квалитет располагаме и јас ја поставив високо целта, а тоа е дека можеме да се пласираме и во следната фаза. Ќе бдие незаборавно искуство. Се обидуваме да останеме максимално концентрирани. Да бидеме сите заедно, како што сме биле…
Проверени сили со неколку млади имиња. Вака изгледа списокот на фудбалери со кои селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ќе патува на Европското првенство. На прес-конференцијата денеска Ангеловски ги објави патниците за ЕП, кои веќе по 26 мај почнуваат со тренинзи во Скопје.
Претстојното 52-ро Издание на Традиционалниот Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2021 оваа година повторно се најде на Календарот на Светската и Европската кајак Федерација и ќе се одржи престојниот викенд. „Како и во изминатите 51 изданија така и оваа година најпрво натпреварот беше закажан во својот стандарден термин во перидот од 05 до 11 април 2021. Земајќи ја во предвид моменталната состојба со ширењето на Ковид 19 во нашата држава во предвидениот период за натпреварот и рестриктивните мерки кои беа воведени на територијата на целата наша држава, како организатори заедно со Градскиот кајакарски сојуз бевме приморани да го одложиме и презакажеме…
Младиот српски напаѓач Душан Влаховиќ (21) кој ја игра сезоната од соништата во Серија А, добил понуда за нов договор од екипата на Фиорентина. Сепак, како што пишува белградски „Спортски журнал“, Влаховиќ, не сака да прифати една важна точка во новиот договор, што му ја понудил италијанскиот клуб, а тоа е откупна клаузула од дури 100 милиони евра, што практично го спречува да се пресели во друг клуб. Претседателот на „виолетовите“, Роко Комисо, во клаузулата бара начин да го задржи Влаховиќ што подолго во својот тим, но очигледно српскиот фудбалер ќе бара преселба во некој од елитните веропски тимови. Влаховиќ…
