Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, кој оваа недела игра на турнирот во Белград, заборуваше за својта форма пред Ролан Гарос.
„Сè организирам на таков начин што ќе го достигнам врвот во Париз. Во Белград, играњето е важно за мене, важно е да разработам одредени детали од играта и идеално да ги прилагодам на Париз. Таму сакам да блеснам. Тоа ќе биде Грен слем, двонеделен турнир во земја, кој бара многу. Но, јас сум задоволен од тоа како се чувствувам на теренот, како играм. Се надевам дека ќе успеам да стигнам до финалето. Сега имаме програма на која се придржуваме и во играта и во физичката подготвеност. Бев задоволен од тоа како играв во Рим, како се чувствував во финалето откако поминав пет часа на теренот. Играв со Рафа скоро три часа и се чувствував како да можам да одиграм уште неколку часа. Многу сум задоволен што се чувствувам физички подготвен за битките во пет сета што ме чекаат во Париз“, изјави Ѓоковиќ.