Author: saso

Финалето во Лигата на шампионите синоќа во Англија донесе заработка од скоро 200 милиони долари. Тоа е сума која ќе се слее во касите на Манчестер Сити и Челзи. Новиот европски првак предводен од Томас Тухел ќе добие 5 милиони повеќе, според финансиските пресметки на распределбата на средствата од наградниот фонд на УЕФА. Новиот првак ќе заработи 23,2 милиони, додека „граѓаните “ ќе се задоволат со 18,3 милиони. Досега оваа сезона, „граѓаните“ остварија приход од 75,2 милиони долари, додека лондончани собраа 73 милиони.

Read More

Екипата на Манчестер Јунајтед одлучи кој играч ќе им биде приоритет за претстојниот преоден рок. „Дејли меил“ тврди дека „црвените ѓаволи“ ќе вложат се во обезбедување на потписот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. Менаџерот Оле Гунар Солсаер е подготвен да остане само со Санчо како освежување на нападот, затоа што тимот следната сезона ќе го има и Единсон Кавани кој се согласи да остане уште една година.

Read More

Ѕвездата на Олимпик Лион, Мемфис Депај тврди дека се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Капитенот на Лион според сите озборувања треба да се пресели во Барселона, откако му заврши договорот со Французите и може да оди како слободен фудбалер. „Барса е фантастичен клуб, но има и други добри тимови. Но, како што реков, сè уште не сум одлучил. Во моментов, сакам да се фокусирам на репрезентацијата за Евро 2020“, изјави Холанѓанецот.

Read More

Фудбалерите на Челзи се нови европски фудбалскии шампиони! Во големото финале вечерва во Порто против Манчестер Сити, лондончани со голот на Хаверц во 42. минута, по вторпат во својата историја го освојуваат најсилното европско клупско натпреварување. Челзиодигра извонреден меч и успеа тотално да го разоружа силниот состав на Пеп Гвардиола. Сити имаше доминација во поседот на топката, но без вистински шанси за гол. Челзи промаши уште најмалку 3 чисти шанси за зголемена предност, додека „граѓаните“ во 96. минута ја имаа најубавата шанса на мечот, кога Марез биеше за малку над голот на Менди. Челзи во своето трето финале дојде до…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за големиот предизвик, Еуро 2020. Во пресрет и на првите контролни средби, денеска пред новинарите своите очекувања ги истакна нашиот репрезентативец, Стефан Спировски. „Можам да кажам дека емаме никаков притисок и се подготвуваме мирно за ЕП. Првпат сме на ваков собир и ова голем момент за сите нас и со нетрпение го очекуваме. Немаме поголем притисок, веруваме во себе и спремни сме да ја израдуваме нацијата. Еуфоријата од претходните успеси е веќе минато, сега се стремиме кон нови цели. Реков, немам посебна трема, можеби само таа позитивната. Ќе одиме таму и ќе уживаме…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија денеска информираше дека одделот во ФФМ задолжен за распределба на билети за натпреварите на македонската репрезентација за Европското првенство преку електронска форма добил вкупно 10.395 барања за купување на влезници за натпреварите на Македонија од групната фаза за ЕУРО 2020. Имајќи го во предвид бројот на билети кои ги имаше на располагање, велат од ФФМ, можеше да задоволат помалку од десет проценти од лицата кои аплицираа за билети за ЕП. Согласно одлуката на Управниот одбор на ФФМ, приоритет за купување на влезници да добијат здравствените работници, „Куќата на фудбалот“ информира дека од вкупниот број билети со…

Read More

Спортинг од Лисабон ќе биде новиот клуб на фудбалерот на Интер, Жоао Марио. Марио кој минатата сезона ја помина како позајмен во Португалија сака да остане во својата земја и нема намера да се врати во Милано. Агентот на фудбалерот Федерико Пасторело се состанал со управата на Интер за да разговара за продажбата на играчот. Спортинг веќе му понуди 4-годишен договор на Марио и во тек се преговорите меѓу клубовите. Сумата на трансферот се проценува околу 10 милиони евра.

Read More

Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, тргнува во обид да го донесе во Рома фудбалерот на арсенал, Гранит Џака. Според информациите, Мурињо сака во тимот да го има 28-годишниот фудбалер на репрезентацијата на Швајцарија, а Арсенал е подготвен да го ослободи за 25 милиони евра. Преговарачите од Рома се обидуваат да ја спуштат цената на 20 милиони евра плус бонуси.

Read More
NBA

Ентони Дејвис постигна 34 поени и реализираше 11 скока за втора победа на ЛА Лејкерс против Феникс со 109:95 во третиот меч од првата рунда на НБА плеј-офот. „Езерџиите“ поведоа со 2:1 во плејоф-серијата пред нивниот втор натпревар на домашен терен. Леброн Џeјмс заврши со 21 поен, а Лејкерси го ограничија Девин Букер на само 19 поени. Во исто време, Денвер поведе со 2-1 против Портланд откако славеше со 120:115 како гостин на натпреварот број 3 во Орегон. Никола Јокиќ постигна 36 поени и повторно беше незапирлив, но изненадувањето дојде со шутевите за три поени, каде Нагетс постигна 20 тројки…

Read More

Манчестер Јунајтед ќе започне преговори за нов три годиншен договор со менаџерот Оле Гунар Солскјер, тврди Телеграф. Весникот известува дека управата на клубот гледа напредок во перформансите на тимот под водство на Норвежанецот, иако тимот стигна до финалето на Лигата на Европа и загуби на пенали против шпански Виљaреал во средата. Актуелниот договор на Норвежанецот истекува следната година.

Read More