Author: saso

Екипата на ЖКК Бадел 1862 го потврди своето учество во Јадранската WABA лига за сезоната 2021/2022. „Учеството во ова регионално натпреварување ќе претставува дополнителна можност за младиот тим на вицешампионот за докажување на меѓународен план во натпреварите против реномирани екипи од калибарот на ЖКК Будуќност Бемакс, Берое, Цинкарна Цеље, Монтана, …“, се вели во соопштението од клубот.

Read More

Интер има намера да го растовари платниот список во летниот преоден рок, па затоа почна со „распродажба“ на дел од шампионскиот состав. Први кандидати за продажба се играчот за врска Артуро Видал и напаѓачот Алексис Санчез. „Нероазурите“ веќе ги ставија Чилеанците на трансфер листата и сега чекаат понуди. Видал добива плата од 6,5 милиони евра, а Санчез 7 милиони евра, што ги прави екстремно скапи за да може да продолжат и следната сезона во Милано. Управата на клубот не е подготвена да продолжи со исплата на високи плати поради финансиската криза и бара начин како да се намалат трошоците. Овие…

Read More

По Серхио Агуеро, Барселона денеска и официјално објави уште едно ново засилување. Утрово од клубот го потврди враќањето и на младиот Ерик Гарсија. Денеска Барселона и Гарсија ќе потпишат договор за следните пет сезони, до 2025/26, во кој ќе има клаузула за откуп од 400 милиони евра. Ерик Гарсија пристигнува како слободен агент, откако го заврши договорот со Манчестер Сити и ќе биде претставен денеска на „Камп Ноу“.

Read More

Францускиот шампион Лил е во потрага по нов тренер по заминувањето на Кристоф Галтиер, кој работеше во клубот во изминатите 4 години. Според дел од француските медиуми, раководството на Лил ја разгледува кандидатурата на Клаудио Раниери, кој минатата сезона беше на клупата на Сампдорија. Раниери по завршувањето на сезоната, иако го освои 9. место во Серија А најави дека неговата работа на „Мараси“ е завршена. Засега тој е без нов ангажман, но по се изгледа наскоро ќе почне преговори со Лил.

Read More

Холандија и Шпанија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство во фудбал за играчи до 21 година. Холандија ја победи Франција со 2-1 во Будимпешта во меч во кој Мирон Боаду постигна два гола, а Упамекано погоди за Франција во 23-та минута. Во полуфиналето Холандија ќе игра против Германија откако Бундестимот ја победи Данска на пенали. Во Марибор, со двата гола на Хави Поадо, Шпанија ја победи Хрватска со 2-1 по продолженијата, откако регуларниот дел заврши 1-1. Така, Шпанците ја очекуваат Португалија во полуфиналето, откако тие, пак, ја победија Италија со 5:3 по продолженијата.

Read More

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро е победник на денешната шестата трка од Мото ГП шампионатот, Големата награда на Италија. Младиот Французин за првпат во својата кариера славеше на патеката „Муџело“, каде стигна до третата победа оваа сезона. Втор беше Мигел Оливеира на КТМ, со две и пол секунди заостанување, а трет бранителот на титулата, Жоан Мир. Благодарение на победата, Квартараро ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман со 105 бода, 24 повеќе од Зарко.

Read More

Младиот швајцарски мотоциклист Џејсон Дупасквер почина како резултат на повредите кои ги доби за време на квалификациите вчера на трката за Големата награда на Италија во Мото3. Во вториот дел од квалификациите на патеката „Муџело“, Дупасквер беше учесник во сериозна несреќа во која учествуваа и Ајума Сасаки и Жереми Алкоба. На Швајцарецот прво му беше укажана помош на самата патека, а потоа со хеликоптер беше префрлен во болница во Фиренца, каде што беше опериран во текот на ноќта, но им подлегна на повредите утрово. За нешто повеќе од еден месец, на 9 јули, тој требаше да наполни 20 години.

Read More

Кевин Де Бруин е под знак прашалник за настап на стартот на престојното европско првенство, поради сериозноста на повредата која ја заработи на синоќешното финале во ЛШ. Утрово стана јасно дека Белгиецот има скршеница на коски во носот и левата орбитала и ќе мора да паузира извесен период. 29-годишниот играч за врска беше принуден да го напушти мечот во Порто по 60 минути по судирот со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер. Ваква повреда, според стручњаците ќе мора да се лекува најмалку три недели за правилно заздравување, што значи дека Де Бруин најверојатно ќе го пропушти стартот на ЕП и мечот…

Read More

По реакцијата на јавноста како резулат на изгледот (бојата) на новиот репрезентативен дрес, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини издаде официјално соопштение во кое се вели: „Драги навивачи на македонската репрезентација, Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство. Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на новиот дрес. Свесни сме дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер уште од најрана возраст. Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост…

Read More

Вчера на националната арена „Тодор Проески“ се одржа Државното атлетско првенство за младинци. На натпреварот беше дозволено да настапат, надвор од конкуренција и сениорите, со оглед на тоа дека ни престојат многу меѓународни натпревари каде што треба да изборат соодветни норми, со оглед на тоа што е олимписка година и треба да се направи избор за патници на Олимпијадата во Токио. Во центарот на вниманието се најде Дрита Ислами која после три години успеа да го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки со резултат од 58.66 по IAAF бодови за оваа година.

Read More