Author: saso

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Бускетс, имал позитивен тест за Ковид-19, осум дена пред отворањето на Евро 2020. Како резултат на тестот, играчот за врска на Барселона мораше да биде повлечен од списокот за последниот натпревар против Литванија. Остатокот од тимот се тестирал негативно, но Бускетс и неговите контакти ќе останат изолирани. Пријателскиот натпревар со Литванија, Шпанија ќе мора да го одигра со младинскиот тим до 21 година, соопшти Шпанската фудбалска федерација.

Read More

Напаѓачот на француската репрезентацијата, Килијан Мбапе ќе остане во Пари Сен Жермен, изјави претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи. Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува во 2022 година, а тој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, Ливерпул, Барселона или Јувентус. „Јасно велам: Мбапе ќе остане во ПСЖ. Ние нема да го продадеме и тој нема да замине како слободен агент. Мбапе има сè што е потребно, каде може да оди? Кој клуб според амбициите и проектот може да му конкурира на ПСЖ денес? Сè оди како што треба. Се надевам дека ќе можеме да постигнеме договор за нова соработка“, изјавил…

Read More

Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, им го скрати одморот на фудбалерите за пет дена, објави Марка. Зинедин Зидан, кој претходно работеше со „кралевите“, им дозволи на фудбалерите да се вратат од одмор на 12 јули. Но, Анчелоти реши да го смени распоредот за подготовки за сезоната 2021/2022 и побара од играчите да се појават во клупската база на 7 јули. Анчелоти сака да посвети посебно внимание на играчите, чија иднина во мадридскиот клуб се уште не е утврдена. Анчелоти потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид и се врати на кормилото на тимот кој го водеше од 2013 до…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево (18 часот), на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе го одигра вториот контролен натпревар пред дебитантскиот настап на Европското првенство. По ремито со Словенија, 1:1, денеска избраниците на Ангеловски за противник го имаат Казахстан. Според зборовите на селекторот, денеска во нашиот стартен тим ќе има ротации, но сите ќе добијат шанса. Македонските фудбалери за Букурешт заминуваат во вторник, а првиот меч на ЕП ќе го играат со Австрија, на 13 јуни.

Read More

Челзи засилено работи на продажба на дефанзивецот Емерсон Палмиери, кој целосно излезе од комбинација за првиот тим на Томас Тухел. Според новинарот Николо Шира, „сините“ поставиле цена од 8 до 10 милиони евра која ќе ја бараат за дефанзивецот. Засега, заинтересирани се два италијански клуба, Наполи и Интер, но понуда се уште не е пристигната. Емерсон ја започна својата кариера во Сантос пред да се пресели во Палермо, а потоа и во Рома. Во Челзи дојде во 2018 година.

Read More

Играчот за врска Стефано Сенси отпадна од репрезентацијата на Италија за претстојното Европско првенство, објави „Скај Италија“. 25-годишниот фудбалери се здобил со повреда на мускулот, па токму затоа неговото место во составот на „азурите“ ќе го заземе играчот за врска на Аталанта, Матео Песина. Сенси ја освои титулата во Италија оваа сезона со тимот на Интер, но пропушти голем дел од сезоната поради различни повреди и запиша само 21 натпревар за „нероаѕурите“.

Read More
NBA

Кошаркарите на Феникс го елиминираа шампионот Лос Анџелес Лејкерс во првата рунда од плеј-офот, откако со вкупен резултат 4:2 славеа по шет одиграни средби. Синоќа Санс славеа со 113:100 и дојдоа до четвртата победа која значи место во следната фаза. Сега веќе поранешните шампиони не знаеја како да го запрат Девин Букер, кој постигна дури 47 поени, шутираше со 80 проценти за три поени (8/10) и придонесе со огромен удел во новата победа на Феникс. Денвер Нагетс ги победи Портланд Трејл Блејзерс со 126:115 на крилата на српската sвезда Никола Јокиќ и се пласираше во втората рунда од плејофот. Српскиот…

Read More

Аргентина и Чиле одиграа 1:1 во синоќешниот меч од квалификациите за СП 2022. Лионел Меси погоди за домаќините од пенал во 23-та минута, а Алексис Санчез израмни на 1:1 во 36-тата минута. Следниот натпревар на Аргентина е против Колумбија во вторник. Чилеанците, кои денеска ги водеше новиот селектор Мартин Лазарте, ќе бидат домаќини на Боливија. Уругвај разочара со ремито против Парагвај играјќи без голови, 0:0. Боливија ја забележа првата победа во квалификациите, совладувајќи ја Венецуела со 3:1, додека најубедливата победа а оствари Колумбија, која со 3.0 славеше на гости кај Перу.

Read More

На денешната прес конференција пред утрешниот меч против Казахстан селекторот Игор Ангеловски зборуваше за здравствениот билтен во националниот тим. „Енис Барди од денеска излегува од изолација, и ќе тренира индивидуално. Го чекаме негативниот тест за да може да се приклучи. Ферхан Хасани за жал има пукнатина на носот и ќе мора да тренира во моментов без контакт, но е во комбинација нормално, наскоро ќе биде се во ред со него. Конечно, Стефан Спировски е фит и дефинитивно утре, ќе игра во првиот состав“, вели селекторот Ангеловски. За дуелот со Казахстан, предводникот на нашиот национален тим додава. „И овој меч ќе…

Read More

Во пресрет на утрешниот меч со Казахстан, кој е последен тест за нашата репрезентација пред настапот на ЕП, стрелецот на голот против Словенија, Елиф Елмас, пред новинарите со свој став за дуелот кој не очекува. „Секако дека со нетрпение очекуваме да почне тоа Европско првенство и да ја претставиме Македонија во најдобро светло. На утрешниот натпревар планираме да одиграме одговорно да ги исполниме задачите на селекторот и нормално да триумфираме, затоа што Македонија секогаш оди на победа“ – изјави Елмас.

Read More