Бреша и официјално го објави Филипо Инзаги за свој нов тренер. Од Бреша денеска потврдија дека поранешниот тренер на Беневенто седнува на клупата и ќе го предводи тимот во новата сезона. „За мене започнува нова авантура и можам само да бидам среќен и горд што ќе и се придружам на Бреша. Му благодарам на претседателот Масимо Челино и директорот за оваа можност и што покажаа голем интерес и доверба во мене уште од самиот почеток“, изјавил Инзаги.
Author: saso
Филаделфија победи против Атланта со 118:102 во вториот меч од полуфиналната плеј-оф серија и успеаја да израмни на 1:1. Жоел Ембид постигна 40 поени, 13 скока, 2 асистенции, додека Тобијас Херис имаше 22 поени. Кај екипата на Атланта Галинари имаше 21 поен, додека Јанг беше запрен на само 11. Богдановиќ заврши со 14 поени. Сега серијата се сели со два меча во Атланта. Во првиот натпревар од полуфиналето на Западот, Јута го победи Лос Анџелес Клиперс со 112:109 и поведе со 1-0. Донован Мичел со фантастични 45 поени ги предводеше „џезерите“ до победата. Кај Клиперс Ленард постигна 23, а Пол…
Никола Јокиќ е МВП на НБА лигата за сезоната 2020/21. НБА лигата наскоро и официјално ќе му ја врачи наградата, откако стана најслабиот драфтуван кошаркар во историјата на НБА кој успеал да стане оваа титула. Јокиќ одигра 72 натпревари во регуларниот дел од сезоната, имаше просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции впо натпревар. Тој шутираше 56% од играта, 38,8% за три и 86,8% од слободни фрлања. Интересно е што Јокиќ првиот играч што бил МВП и ги ги одиграл сите натпревари во сезоната, по Коби Брајант кој имаше вакво постигнување во 2008 година.
Утрово стана јасно дека во репрезентацијата на Шпанија има уште еден фудбалер кој е позитивен на коронавирусот, а тоа е играчот за врска Диего Љоренте. Веста ја потврдија од Шпанска фудбалска федерација. Претходно, капитенот Серхио Бускетс, го напушти шпанскиот табор од истата причина. Шпанците веднаш реагираа и организираа посебен тренинг камп за шест играчи, кои ќе му бидат на располагање на тренерот Луис Енрике. На списокот се голманот Кепа, дефанзивецот Раул Албиол, играчите од средниот ред Карлос Солер, Брис Мендес и Пабло Форналс, како и напаѓачот Родриго Морено.
Стручниот штаб на репрезентацијата на Англија денеска го објави името на фудбалерот кој ќе биде замена на повредениот Трент Александар-Арнолд во селекцијата на „Гордиот Албион“ за престојното Европско првенство. Според ББЦ, станува збор за дефанзивецот на Брајтон, Бен Вајт. Фудбалерот на Ливерпул, Александар-Арнолд се здоби со повреда на бутот на пријателскиот натпревар со репрезентацијата на Австрија (1:0) и ќе мора да пропушти шест недели од фудбалските терени.
Барселона ќе остане без холандксиот играч за врска, Џини Вајналдум откако не успеаја да ја затворат зделката и покрај сите предуслови кои најавуваа сигурен трансфер. Како што пишува холандски „Де Телеграф“ сега ПСЖ влезе во игра за потписот на екс-фудбалерот на Ливерпул нудејќи му поголема плата од онаа која Холанѓанецот ја барал, а не ја добил од Барселона. Се претпоставува дека околу осум милиони евра барал капитенот на холандската репрезентација, но Барселона не ги обезбедила. Тој сега може да добие околу десет милиони евра од ПСЖ
„Jутјуберот“ Логан Пол издржа осум рунди на синоќешната борба против Флојд Мејведер во „Хард рок“ арената во Мајами, пред повеќе од 60.000 гледачи. За време на осумте рунди, беа видени вкупно само 73 удари, а Мејведер беше главно тој кој напаѓаше. Пол најчесто се обидуваше да го фати Мејведер во клинч и со тоа да остане на нозе и по осум рунди. 26-годишниот Пол кој беше предизвикувач и вистинска атракција, по мечот рече дека му е чест што се бореше против еден од најдобрите боксери во последните 30-тина години. „Се забавував. Мора да разберете дека тој нема 21 година. Беше…
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија двојната круна во домашното првенство откако во финалето на плејофот против Еуро Никел славеа во три меча и со тоа ја потврдија домашната кошаркарска доминација. Тренерот на тимот, Дарко Радуловиќ, беше задоволен од финишот на сезоната. „Многу сум среќен од исходот, нормално. Презадоволен сум од пристапот на играчите, од професионалниот однос и од срцето што го покажаа. Цела сезона игравме под притисок дека имаме поголема клупа, а ние играме со иста ширина како на противникот. Меѓутоа, ние сме МЗТ и го прифативме притисокот да биде на наша страна и на крајот покажавме зошто…
Хокеарите на Канада се новите светски шампиони, откако вечерва во големото финале во Рига по продолженија ја победија Финска со 3:2. За Канаѓаните ова беше нивно 27-мо злато, што ги изедначува со Русија (заедно со СССР). Сепак, ова злато има посебна тежина, ако се знае дека Канада почна со три порази, беше на работ на елиминација, но се врати дури за финале, па и за злато. Во ова финале Финска водеше двапати, но Канаѓаните израмнуваа и се изборија за продолженија. Таму Ник Пол донесе голема радост во седмата минута од дополнителното време.
Кошаркарите на ЛА Клиперс се последниот патник во втората рунда од плејофот во НБА лигата, откако синоќа успеаја да победат во „мајсторката“ против Далас со 126:111 и со тоа ја затвори серијата со 4-3 во победи. Клиперси сега во втората рунда за противник ќе го имаат тимот на Јута Џез. Лука Дончиќ постигна 29 поени во првото полувреме и заврши со вкупно 46, но домаќините одговорија со неверојатен шут за три поени, што практично ги остави тексашаните без одговор. Само во првото полувреме Клиперс погодија 11 тројки со 63% реализација за водство од 70:62. До крајот на мечот домашните погодија…
