Барселона ќе остане без холандксиот играч за врска, Џини Вајналдум откако не успеаја да ја затворат зделката и покрај сите предуслови кои најавуваа сигурен трансфер. Како што пишува холандски „Де Телеграф“ сега ПСЖ влезе во игра за потписот на екс-фудбалерот на Ливерпул нудејќи му поголема плата од онаа која Холанѓанецот ја барал, а не ја добил од Барселона.
Се претпоставува дека околу осум милиони евра барал капитенот на холандската репрезентација, но Барселона не ги обезбедила. Тој сега може да добие околу десет милиони евра од ПСЖ