Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија двојната круна во домашното првенство откако во финалето на плејофот против Еуро Никел славеа во три меча и со тоа ја потврдија домашната кошаркарска доминација.
Тренерот на тимот, Дарко Радуловиќ, беше задоволен од финишот на сезоната.
„Многу сум среќен од исходот, нормално. Презадоволен сум од пристапот на играчите, од професионалниот однос и од срцето што го покажаа. Цела сезона игравме под притисок дека имаме поголема клупа, а ние играме со иста ширина како на противникот. Меѓутоа, ние сме МЗТ и го прифативме притисокот да биде на наша страна и на крајот покажавме зошто е тоа така“, истакна Радуловиќ.

