Author: saso

Вечерва на „Олимпико“ Италија и Турција ќе ја имаат премиерата на Еуро 2020. И двете селекции влегувата во мечот крајно мотивирани, иако селекторот на Италија, Роберто Манчини, има мали главоболки со стартниот избор на тимот, поради повредата на Марко Верати, кој сигурно отпаѓа од комбинација за денешниот меч на отворањето на Европското првенство, Верати не се опорави целосно и нема да може да настапи против Турција. Според информациите, неговото место во стартниот тим ќе го заземе Мануел Локатели. Во пресрет на првенството, дојде уште една непријатна вест за „аѕурите“, откако капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини поради повреда исто така не…

Read More

Голманот на македонскта фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски денеска на прес-конференцијата денеска во Букурешт, вели дека Македонија нема да се задоволи само со настап на ЕП, туку аметитите се поминување на групната фаза. „Максимално сме мотивирани, немаме притисок. Секој тој притисок го претвараме во мотивација да дадеме максимуим и да одиграме одличен прв натпревар. Добро ги анализираме противниците, мислам дека имаат доста квалитетни играчи, затоа треба да бидеме подготвени одбраната и јас да реагираме. Имаат како Арнаутовиќ, Алаба имаат доста поединци, шутери, тоа го тренираме на тренинзите, се подготвуваме, за да може да се подготвиме најдобро и да парираме на нивните…

Read More
NBA

Центарот на Јута Џез, Руди Гобер, е добитник на наградата за најдобар одбранбен играч во НБА лигата за оваа сезона. Ова е трето вакво признание за француски центар, откако претходно ја освојуваше оваа награда и во сезоните 2017/18 и 2019/20. Гобер доби вкупно 464 гласови од страна на новинарите, а зад него на второто место се најде кошаркарот на Филаделфија Бен Симонс со 287 гласови.

Read More

Романската влада на својата синоќешна седница, според информациите од романските медиуми, донела одлука капацитетот на пополнетост на стадионот за време на натпреварите на Еуро 2020 во Букурешт да биде 50%. Согласно оваа одлука за натпреварите на Македонија против Австрија (13. јуни) и против Украина (17. јуни) се очекува да биде дозволено присуство на околу 27.000 навивачи на Националната арена. Сепак, УЕФА досега нема донесено одлука за промена на можноста за зголемување на капацитетот, останувајќи на претходната одлука за 33% исполнетост.

Read More

Холандскиот судија, 38-годишниот Дани Макели е назначен за главен судија на првиот натпревар на овогодинешното Еуро 2020, мечот меѓу Италија и Турција, кој ќе се игра во Рим утре во 21 часот. Досега, најважниот натпревар што Макели го водеше во кариерата беше последниот натпревар од минатогодишната Европска лига во кој Севиљa го совлада милански Интер со 3-2 во Келн, а беше и дел од петчлената група задолжена за ВАР во финалето на Светското првенство пред три години во Русија.

Read More

Во моментов јапонските власти во Сапоро изјавија дека не се подготвени да бидат домаќини на олимписките маратонски трки, пренесува Ројтерс. Градските власти задолжени за организација на олимписките настани изјавија дека недостигот на информации за бројот на учесници, присуството и протоколот за коронавирус е причина за неподготвеноста. Настаните на Олимпискиот маратон и маратонската трка во брзо одење се преместени од Токио во Сапоро поради можни топлотни бранови во јапонската престолнина за време на игрите. Вонредна состојба е во сила во Сапоро поради продолжување на порастот на инциденцата на коронавирус. На 5 и 6 август се планирани натпреварите во брзо одење во…

Read More

Раководството на Тотенхем и поранешниот тренер на Рома, Пауло Фонсека се во последна фаза од преговорите. Фонсека се очекува да го наследи Жозе Мурињо, кој доби отказ пред крајот на минатата сезона. Иронично, местото на Фонсека во Рома го зазеде токму Муњиро. Според информациите во Англија, на Пауло Фонсека му е понуден тригодишен договор, а тој самиот е подготвен да ја продолжи кариерата во натпреварувачка лига како што е Премиер лигата. Пред да ја преземе Рома, Португалецот беше на чело на украинскиот Шахтјор Доњецк.

Read More

Кошаркарите на Феникс Санс и вторпат го победија Денвер на домашен терен, овој пат со 123:98 и успеаја да ја поведат полуфиналната серија на Западот со 2:0. На гостите не им помогнаа ниту 24 поени на најрасположениот МВП играчот за оваа сезона, Никола Јокиќ. „Сонцата“ полека, но стабилно ја зголемуваа својата предност во текот на целиот меч. Денвер водеше само на самиот почеток на натпреварот, а потоа домашниот тим брзо го презеде водството и не го испушти до крајот на мечот. Домашниот тим до нова победа го предводеше Девин Букер, кој постигна 18 поени и десет скока, додека Крис Пол…

Read More

Шпанскиот стратег Рафаел Бенитез е се поблизу до договор со Евертон, информираат медиумите во Англија. Во моментов „карамелите“ се без менаџер, откако Карло Анчелоти замина од клубот за да го преземе Реал Мадрид. Во моментов, исто така како кандидати за позицијата на „Гудисон парк“ се сметаат Нуњо Еспирито Санто и поранешниот менаџер на тимот Дејвид Мојс. Бенитез во моментов е без клуб и се наоѓа во Ливерпул.

Read More

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе мора да ги намали барањата за плата доколку сака да се пресели во друг клуб во текот на летниот преоден рок. Според информациите, во моментов, ниту еден тим нема да може да му ја исплати актуелната плата на Португалецот која сега ја прима во Јувентус во висина од 30 милиони евра по сезона. Единствената опција за Роналдо е да ги намали своите барања или да потпише договор според кој оваа плата ќе се распределува во неколку сезони. На Роналдо му преостанува една година од договорот со Јувентус, но се зборува за негова преселба во…

Read More