Раководството на Тотенхем и поранешниот тренер на Рома, Пауло Фонсека се во последна фаза од преговорите. Фонсека се очекува да го наследи Жозе Мурињо, кој доби отказ пред крајот на минатата сезона.
Иронично, местото на Фонсека во Рома го зазеде токму Муњиро.
Според информациите во Англија, на Пауло Фонсека му е понуден тригодишен договор, а тој самиот е подготвен да ја продолжи кариерата во натпреварувачка лига како што е Премиер лигата.
Пред да ја преземе Рома, Португалецот беше на чело на украинскиот Шахтјор Доњецк.

