Романската влада на својата синоќешна седница, според информациите од романските медиуми, донела одлука капацитетот на пополнетост на стадионот за време на натпреварите на Еуро 2020 во Букурешт да биде 50%.
Согласно оваа одлука за натпреварите на Македонија против Австрија (13. јуни) и против Украина (17. јуни) се очекува да биде дозволено присуство на околу 27.000 навивачи на Националната арена.
Сепак, УЕФА досега нема донесено одлука за промена на можноста за зголемување на капацитетот, останувајќи на претходната одлука за 33% исполнетост.