Центарот на Јута Џез, Руди Гобер, е добитник на наградата за најдобар одбранбен играч во НБА лигата за оваа сезона. Ова е трето вакво признание за француски центар, откако претходно ја освојуваше оваа награда и во сезоните 2017/18 и 2019/20.
Гобер доби вкупно 464 гласови од страна на новинарите, а зад него на второто место се најде кошаркарот на Филаделфија Бен Симонс со 287 гласови.

