Голманот на македонскта фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски денеска на прес-конференцијата денеска во Букурешт, вели дека Македонија нема да се задоволи само со настап на ЕП, туку аметитите се поминување на групната фаза.
„Максимално сме мотивирани, немаме притисок. Секој тој притисок го претвараме во мотивација да дадеме максимуим и да одиграме одличен прв натпревар. Добро ги анализираме противниците, мислам дека имаат доста квалитетни играчи, затоа треба да бидеме подготвени одбраната и јас да реагираме. Имаат како Арнаутовиќ, Алаба имаат доста поединци, шутери, тоа го тренираме на тренинзите, се подготвуваме, за да може да се подготвиме најдобро и да парираме на нивните добри страни. Атмосферата во селекцијата е феноменална. Но, не дојдовме тука само за искуство. Да одиграме најпрво три натпревари, да освојуваме бодови. Реално, го исполнивме сонот. Сега нашиот сон и нашите амбиции да можеме да ја пројдеме групната фаза. Пред се најважно ни е да не го загубиме мечот со Австрија, и да одиме чекор по чекор. Верувам во моите соиграчи и во стручниот штаб“, рече Димитриевски.

