Филаделфија победи против Атланта со 118:102 во вториот меч од полуфиналната плеј-оф серија и успеаја да израмни на 1:1. Жоел Ембид постигна 40 поени, 13 скока, 2 асистенции, додека Тобијас Херис имаше 22 поени. Кај екипата на Атланта Галинари имаше 21 поен, додека Јанг беше запрен на само 11. Богдановиќ заврши со 14 поени. Сега серијата се сели со два меча во Атланта.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Западот, Јута го победи Лос Анџелес Клиперс со 112:109 и поведе со 1-0. Донован Мичел со фантастични 45 поени ги предводеше „џезерите“ до победата. Кај Клиперс Ленард постигна 23, а Пол Џорџ 20 поени и 11 скока.

