„Jутјуберот“ Логан Пол издржа осум рунди на синоќешната борба против Флојд Мејведер во „Хард рок“ арената во Мајами, пред повеќе од 60.000 гледачи.
За време на осумте рунди, беа видени вкупно само 73 удари, а Мејведер беше главно тој кој напаѓаше. Пол најчесто се обидуваше да го фати Мејведер во клинч и со тоа да остане на нозе и по осум рунди.
26-годишниот Пол кој беше предизвикувач и вистинска атракција, по мечот рече дека му е чест што се бореше против еден од најдобрите боксери во последните 30-тина години.
„Се забавував. Мора да разберете дека тој нема 21 година. Беше подобар отколку што мислев “, изјави 44-годишниот Мејведер.

