Author: saso

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денеска Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското Првенство кое ќе се одржува во Унгарија и Словачка 2022 година. Македонските репрезентативци во рамките на истиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2022 од страна на УО на РФМ беа наградени и со 20.000 евра за остварената победа против светскиот и олимпискиот шампион Данска, односно вкупно 50.000 евра . Машката ракометна репрезентација на Европското Првенство ќе настапува во Унгарија (Дебрецен) во јануари 2022 година, и ќе се натпреварува во групата A против селекциите…

Read More

Поранешниот тренер на Бенфика, Бруно Лаге постигна договор со Вулверхемптон и се очекува во рок од неколку дена официјално да биде претставен како тренер на тимот. Главните точки на договорот беа прецизирани вчера, а тој и неговиот персонал веќе добија дозвола за работа на Oстровот. „Волците“ останаа без тренер откако Нуњо Еспирито Санто ги напушти по контроверзната сезона и само 11-то место на табелата.

Read More

Раководството на Лацио продолжува со преговорите со Маурицио Сари. Претседателот на клубот Клаудио Лотито се надева дека ќе го затвори ова прашање денес, откако излезе информација дека римјаните се подготвени да му понудат 2-годишен договор на Сари со плата од 3 милиони евра. Тренерот исто така ќе добие 500.000 евра во случај на пласман во Лигата на шампионите. Договорот ќе вклучува клаузула за автоматско продолжување на договорот за уште една сезона. Минатата сезона Лацио под водство на Симоне Инзаги го зазеде 6-то место во Серија А, а 62-годишниот Сари е без работа откако го напушти Јувентус минатиот август.

Read More

Германскиот бундеслигаш Волфсбург кој оваа сезона успеа да се квалификува во Лигата на шампионите има нов тренер. Предводникот на тимот Гласнер ги изненади челниците на Волфсбург кога објави дека нема да го продолжи договорот и ги напушти „волците“, па од клубот итно мораа да побараат негова замена. Од клубот доцна синоќа потврдија дека нашле негова замена, па екипата следната сезона ќе ја води холандскиот стратег Марк ван Бомел. 44-годишниот холандски стручњак потпиша двегодишен договор со Волфсбург.

Read More

Карло Анчелоти најави дека Герет Бејл може да се врати во Реал, откако искусниот италијански стратег по вторпат беше претставен како нов кормилар на тимот. Бејл ја мина сезоната 2020/21 на позајмица во поранешниот тим Тотенхем, каде постигна 11 гола во Премиер лигата. Анчелоти навести дека сака да го има Бејл на располагање следната сезона. „Герет не играше многу во Премиер лигата, но тој постигна многу голови, беше многу ефикасен во последните натпревари кога имаше шанса да игра. Тој се враќа полека, јас многу добро го познавам. Ќе биде мотивиран да игра подобро и да има одлична сезона, без сомнение”,…

Read More

Голгетерот на Интер, Ромелу Лукаку синоќа потврди дека нема ништо од шпекулациите за негово заминување од Интер. Тој потврди дека веќе разговарал со новиот тренер Симоне Инзаги и му најавил дека ќе остане и следната сезона. „Останувам во Интер“, изјави Лукаку за италијанските медиуми. „Разговарав со човекот кој ќе го води тимот во новата сезона. Можеби не требаше да го кажам тоа, но нашиот разговор беше многу позитивен. Предизвик за нас е повторно да ја освоиме титулата. Се чувствувам добро во Интер, конечно освоив голем трофеј. Се надевам дека повторно ќе станам шампион, но овојпат пред полн Сан Сиро”, изјавил…

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. го добија првиот меч од финалната серија во домашниот плеј-оф против екипата на Еуро Никел со 83-81 и поведоа со 1-0 во битката за титулата. Гостите одиграа одлично во првата и последната четвртина, додека МЗТ Скопје клучната предност ја направи во вториот и третиот период. Олуџоби беше фантастичен кај победниците со 24 поени, додека Дамјан Стојановски постигна 15. Кај Еуро Никел прв стрелец беше Соколов со 16, додека Дубински постигна 15, а Рикиќ заврши со 14 поени.

Read More

Ракометарите на Вардар лесно и со убедливи 39:27 го совладаа Металург во последното коло од Суперлигата и ја потврдија 14. ракометна титула на домашната сцена. Избраниците на Стевче Алушовски не дозволија изненадување, иако во Битола Еурофарм Пелистер убедливо го совлада Охрид со 30.14 и се надеваше на чудо. Валчак со пет гола беше прв стрелец, по четири имаа Георгиевски, Талески и Дибиров. Калуѓеровиќ со 9 гола беше најдобар на терен.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација денеска (18 часот) на Националната арена „Тодор Просеки“ ќе го одигра првиот тест-натпревар пред дебитантскиот настап на Европското првенство. Во Скопје гостува Словенија, против која очекуваме добра пополнетост на трибините. Македонија во петок ја очекува уште еден тест-меч со Казахстан, а селекторот вели дека и на двата меча сакаат победа. „Словенија е репрезентација што ни е доста добро позната, нѐ очекува еден интересен натпревар, се надевам дека овој дуел ќе биде добра подготовката за она што ќе нѐ очекува на мечевите во Букурешт. Секако како и на секој меч, така и на овие, сакаме да победиме“, вели…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија денеска им се заблагодари на сите кои искажуваат честитки кон нашите репрезентативци пред историскиот настап на Европското првенство и имаат желба лично да им се обратат на фудбалерите, но, истовремено, согласно протоколите од УЕФА, потенцира дека ФФМ не е во можност да организира каков било прием на поединци или лица од државни институции со фудбалерите. Важноста за превенција поради строгите ограничувања за здравствена заштита и наметнатите протоколи од УЕФА кои ги диктираат условите за било каква активност која не е поврзана со програмата на репрезентацијата пред Европското првенство, а уште повеќе што во тимот веќе има…

Read More