Кошаркарите на МЗТ Скопје А. го добија првиот меч од финалната серија во домашниот плеј-оф против екипата на Еуро Никел со 83-81 и поведоа со 1-0 во битката за титулата. Гостите одиграа одлично во првата и последната четвртина, додека МЗТ Скопје клучната предност ја направи во вториот и третиот период.
Олуџоби беше фантастичен кај победниците со 24 поени, додека Дамјан Стојановски постигна 15. Кај Еуро Никел прв стрелец беше Соколов со 16, додека Дубински постигна 15, а Рикиќ заврши со 14 поени.

