Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево (18 часот), на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе го одигра вториот контролен натпревар пред дебитантскиот настап на Европското првенство. По ремито со Словенија, 1:1, денеска избраниците на Ангеловски за противник го имаат Казахстан.
Според зборовите на селекторот, денеска во нашиот стартен тим ќе има ротации, но сите ќе добијат шанса.
Македонските фудбалери за Букурешт заминуваат во вторник, а првиот меч на ЕП ќе го играат со Австрија, на 13 јуни.

