Играчот за врска Стефано Сенси отпадна од репрезентацијата на Италија за претстојното Европско првенство, објави „Скај Италија“.
25-годишниот фудбалери се здобил со повреда на мускулот, па токму затоа неговото место во составот на „азурите“ ќе го заземе играчот за врска на Аталанта, Матео Песина.
Сенси ја освои титулата во Италија оваа сезона со тимот на Интер, но пропушти голем дел од сезоната поради различни повреди и запиша само 21 натпревар за „нероаѕурите“.

