Челзи засилено работи на продажба на дефанзивецот Емерсон Палмиери, кој целосно излезе од комбинација за првиот тим на Томас Тухел.
Според новинарот Николо Шира, „сините“ поставиле цена од 8 до 10 милиони евра која ќе ја бараат за дефанзивецот. Засега, заинтересирани се два италијански клуба, Наполи и Интер, но понуда се уште не е пристигната.
Емерсон ја започна својата кариера во Сантос пред да се пресели во Палермо, а потоа и во Рома. Во Челзи дојде во 2018 година.

