Кошаркарите на Феникс го елиминираа шампионот Лос Анџелес Лејкерс во првата рунда од плеј-офот, откако со вкупен резултат 4:2 славеа по шет одиграни средби. Синоќа Санс славеа со 113:100 и дојдоа до четвртата победа која значи место во следната фаза.
Сега веќе поранешните шампиони не знаеја како да го запрат Девин Букер, кој постигна дури 47 поени, шутираше со 80 проценти за три поени (8/10) и придонесе со огромен удел во новата победа на Феникс.
Денвер Нагетс ги победи Портланд Трејл Блејзерс со 126:115 на крилата на српската sвезда Никола Јокиќ и се пласираше во втората рунда од плејофот. Српскиот ас ја надмина границата од 30 поени по петтипат во годинашната плејоф серија со Портланд. Тој постигна 36 поени и придонесе со значителен удел во пресвртот.

