Во пресрет на утрешниот меч со Казахстан, кој е последен тест за нашата репрезентација пред настапот на ЕП, стрелецот на голот против Словенија, Елиф Елмас, пред новинарите со свој став за дуелот кој не очекува.
„Секако дека со нетрпение очекуваме да почне тоа Европско првенство и да ја претставиме Македонија во најдобро светло. На утрешниот натпревар планираме да одиграме одговорно да ги исполниме задачите на селекторот и нормално да триумфираме, затоа што Македонија секогаш оди на победа“ – изјави Елмас.

