Author: saso

Тренер на Барселона, Роналд Куман е примен во болница поради анксиозно растројство, објави на Твитер новинарот на Фокс Спорт, Даниел Жиронес. Според изворот, специјалистот сега се чувствува добро. Претходно беше објавено дека Барселона може да го отпушти Куман. Доколку стратегот го напушти тимот пред крајот на договорот, клубот мора да му исплати 5,8 милиони евра, како и годишна плата во висина од 7,2 милиони евра. Куман ја презеде Барселона во август 2020 година, но неговата работа на „Камп Ноу“ се чини заврши со изборот на ново раководство на клубот.

Read More

На првиот собир на репрезентацијата денеска во Скопје, селекторот Игор Ангеловски во изјава најави добри подготовки пред заминувањето за Букурешт. „Најнапред жалам што овие подготовки ги почнуваме со една непријатна вест. Да испратам порака до Енис дека сите членови на репрезентациијата се со него. Чекаме негативен тест и што побргу да ни се приклучи. Се надевам дека ова ќе биде единствената негативна вест пред ЕП. Што се однесува до останатите, сите се пристигнати, освен Горан, Адеми и Столе кои ќе се приклучат на крајот. Се надевам дека ќе одработиме добро и подготвени ќе одиме за Букурешт. Реков дека секој меч…

Read More

Под водство на селекторот Игор Ангеловски, попладнево нашата фудбалска репрезентација ги почна подготовките за ЕП. За жал без Енис Барди кој е во изолација поради позитивниот тест на Ковид-19, но со искрени желби за брзо опоравување и негово приклучување во селекцијата.

Read More

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, денеска на прес-конференција го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат на престојното ЕП. Интересно, во списокот на Енрике нема неколку досегашни стандардни репрезентативци, почнувајќи од капитенот на Реал (М), Серхио Рамос, па преку неговиот клупски колега Марко Асенсио, Начо Гонзалез, Кепа… ГОЛМАНИ: Унаи Симон, Давид де Хеа, Роберт Санчез ОДБРАНА: Хозе Гаја, Жорди Алба, Пау Торес, Ајмерик Лапорт, Ерик Гарсија, Диего Љоренте, Цезар Аспиликуета, Маркос Љоренте СРЕДЕН РЕД: Бускетс, Родри, Педри, Тиаго Алкантара, Коке, Фабијан Руиз. НАПАД: Дани Олмо, Ојарзабал, Мората, Жерард Морено, Феран Торес, Адама Траоре и Сарабија.

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз од Данска го заврши првиот турнир од новото издание на Европската Сребрена лига. Викендов во Струмица се одржа првиот од двата квалификациски турнири за место на Ф4 турнирот чиј организатор и сигурен учесник е нашата репрезентација, а Македонија обезбеди две победи и пораз, доволни засега за второто место во групата. „Тажен сум поради поразот, мора да анализираме добро и да почнеме да се поправаме. Не сакам да ни се случи 2018 кога губевме во група и дојдовме на завршниот турнир со мала самодоверба. Сега треба да одиме во Данска да се реваншираме, а за да…

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски може да седне на клупата на италијанскиот прволигаш Џенова. Оваа вест ја објави новинарот Алфредо Педула од „Газета дело Спорт“. Ангеловски е едно од имињата за кои размислува клубот од „Мараси“ како замена за Давиде Балардини, кој може да си замине иако на Џенова и обезбеди опстанок во елитната конкуренција. На Мрме договорот со националниот тим му истекува по Европското првенство што значи дека без проблеми би можел да ја преземе функцијата прв тренер во Џенова.

Read More

По завршувањето на сезоната во англиската Премиер лига, беа врачени и наградите за најдобрите поединци оваа сезона на Островот. Наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во сезоната отиде во рацете на Хари Кејн со 23 постигнати гола. Тој за само еден гол беше подобар од Мохамед Салах од Ливерпул. Со 14 реализирани асистенции, Кејн ја грабна и наградата за најдобар „додавач“ пред Бруно Фернандеш од Манчестер Ј, додека голманот на Манчестер Сити, Едерсон ја доби наградата за најдобар голман според бројот на мечеви на кои не прими ниту еден гол. Едерсон сезонава имаше 19 „чисти мрежи“.

Read More

Наполи утрово и официјално ја потврди разделбата со Џенаро Гатузо. Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, ја објави одлуката да му врачи отказ на досегашниот тренер на тимот. “Почитуван Рено, драго ми е што поминавме две сезони заедно. Ви благодарам за напорите и ви посакувам успех каде и да одите”, напиша шефот на наполитанците. Официјалната веб-страница на Наполи ја објави разделбата со Гатузо неколку минути по несреќниот натпревар со Верона во последното коло од Серија А. Натпреварот заврши 1:1 и Наполи не успеа да се пласира во Лигата на шампионите.

Read More

Ѕвездата на Реал Мадрид и белгиската фудбалска репрезентација, Еден Азар, изјави дека сака да си замине од Шпанија. Белгиецот дојде во дресот на шпанскиот гигант летото 2019 година, но не ги исполни очекувањата на навивачите. Азар беше постојано отсутен поради повреди и не настапи на потребното ниво кога се врати во игра. Според медиумите во Шпанија, 30-годишниот фудбалер изјавил дека сака да се врати во Челзи, каде помина 9 години. Реал исто така нема намера да го задржи и би се разделил со него за соодветна понуда.

Read More

Човекот кој со своите игри оваа сезона го донесе Атлетико (М) до шампионската титула во Ла Лига, Уругваецот Луис Суарез, пред меиудмите зборуваше за својата иднина. На новинарско прашање дали ќе остане на “Ванда Метрополитано“ и следната година, Уругваецот кој има договор до 2022 година кусо одгогори:. “И следната сезона дефинитивно ќе го носам дресот на Атлетико Мадрид“. Со тоа паднаа во вода најавите дека Суарез може да ја промени средината ова лето.

Read More