По завршувањето на сезоната во англиската Премиер лига, беа врачени и наградите за најдобрите поединци оваа сезона на Островот.
Наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во сезоната отиде во рацете на Хари Кејн со 23 постигнати гола. Тој за само еден гол беше подобар од Мохамед Салах од Ливерпул.
Со 14 реализирани асистенции, Кејн ја грабна и наградата за најдобар „додавач“ пред Бруно Фернандеш од Манчестер Ј, додека голманот на Манчестер Сити, Едерсон ја доби наградата за најдобар голман според бројот на мечеви на кои не прими ниту еден гол. Едерсон сезонава имаше 19 „чисти мрежи“.

