Силекс по 24 години повторно го освои трофејот во Купот. Синоќа кратонци ја совладаа екипата на Академија Пандев на пенали и успеаја да го кренат престижниот пехар. На прес-конференцијата по мечот, тренерот на екипата Горан Симов емотивно титулата му ја посвети на творецот на овој клуб и долгогодишен претседател Љубисав Иванов Ѕинго. „Иако ништо не е случајно затоа што овие момци се херои. Минатата сезона стигнаа до Лигата на шампионите, а сега по толку години повторно носат трофеј за Кратово. На сите само ни е жал што Љубисав Иванов Ѕинго не е тука со нас да се израдува на овој…
Author: saso
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во плеј-офот во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен го совладаа Голден Стејт со 103:100 во меч од плеј-ин разигрувањето. Вориорс ќе имаат шанса за поправен за пласман во плеј-офот, против Мемфис Гризлис, кој ги победи Сан Антонио Спарс со 100:96 во вториот натпревар од плеј-ин. Во „Стејплс центарот“ имаше исклучително возбудлив дуел, а тројката на Леброн Џејмс го реши мечот на 59 секунди до крајот. „Кралот“ погоди од околу девет метри и успеа да го донесе триумфот за „езерџиите“. Најдобар на теренот беше Ентони Дејвис со 25 поени и 12 скока,…
Менаџерот на Вест Бромвич Албион, Сем Алардајс, потврди дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. 66-годишниот тренер го наследи Славен Билиќ на клупата во декември минатата година, но не успеа да ја исполни задачата и го задржи тимот во англиската елита. „Вест Бром ми даде убава понуда да останам, што покажува посветеност на амбициозен клуб. Но, по сериозно разгледување, решив да не го прифатам тоа. Ако останам и се вратам во Премиер лигата следната сезона, од мене се очекува да продолжам да работам барем уште една година, но тоа не е обврска што се чувствувам способен да ја…
Екипите на Силекс и Академија Пандев вечерва (19 ч.) на Националната арена во Скопје влегуваат во битка за трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија. „Пандевци“ се последни освојувачи на трофејот, откако пред две сезони во финалето беа подобри од Македонија ЃП по подобро изведување на пенали. Силекс по пауза од 24 години ќе го игра своето четврто финале, во кое ќе атакува на третиот трофеј во ова натпреварување. Судија на вечерашниот меч ќе биде нашиот интернационален судија, Александар Ставрев.
Денеска стартува плеј-офот во домашното првенство. Осумте најдобри екипи од првиот дел од сезоната, ја почнуваат битката за шампионската титула. Двојките во оваа фаза се исти како во четвртфиналето од Купот кое се играше во изминатиот викенд, а ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“. Со оглед на малиот период, плеј-офот ќе мора да се игра по забрзан ритам, среда-петок-недела. ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ-ПРВ НАТПРЕВАР ДЕНЕСКА: 17.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар Сала „26.април“ – Гевгелија 17.00: Работнички – ТФТ (МРТ3) Сала на СРЦ „Кале“ Скопје 18.30: Пелистер – Навико Академија ФМП Сала „Боро Чурлевски“ – Битола 20.00: МЗТ Скопје Аеродром…
Кошаркарите на Бостон се првиот тим кој успешно го мина плеј-ин делот во НБА лигата и обезбеди пласман во плеј-офот. Синоќа Селтикс славеа дома над Вашингтон со 118:100 и изборија место во плеј-офот каде ги чека дуел со Бруклин Нетс. Вашингтон ќе имаат шанса да се борат за плеј-офот со Индијана Пејсерс, која уште поубедливо го совлада Шарлот Хорнетс со 144:117. Вашингтон и Индијана во клучниот меч за плеј-оф ќе се сретнат ноќта меѓу четврток и петок.
На денешен ден, 19 мај 2002 година, пред точно 19 години, женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во Македонија. Ракометарките на нашиот ракометен првак успеаја да го совладаат тимкот на Херц во реванш финалето кое се одигра пред полни трибини во СРЦ Кале и да ја обезбедат европската круна. „Кометалки“ славеа со 26-22, откако на првиот меч на гости беа поразнеи со 27-25. И денеска со задоволство се сеќаваме на фантастичните мигови кои ни ги донесе генерацијата предводена од Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Олга Бујанова, Луминица Дину, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова,…
Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, по се изгледа, ова лето ќе си замине од фулам кој испадна од Премиер лигата и на повидок е негова преселба во Италија. Српските медиуми пишуваат дека Митровиќ добил повик од новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, кој сака да го донесе во редовите на „римската волчица“. „Митрогол“ не беше задоволен од настапите под диригентската палка на Скот Паркер, затоа што имаше само 13 старта на мечевите на Фулам сезонава, иако постигна 26 гола сезоната претходно. Мурињо е навистина заинтересиран за Митровиќ, кого сакаше да го донесе и претходно во Тотенхем. За српскиот центарфор интерес има…
Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, ќе го пропушти финалето на Купот на Италија против Аталанта, објави италијанскиот новинар Ромео Агрести. Според информацијата, фудбалерот има проблеми со коленото, што не му дозволува да учествува на натпреварот. Натпреварот Аталанта – Јувентус ќе се одигра денеска во Реџо Емилија. 34-годишниот играч оваа сезона одигра 33 натпревари за Јувентус и постигна два гола.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, објави дека клубот се соочува со големи промени. Без да спомене специфични имиња, тој јасно стави до знаење дека многу од сегашните играчи ќе заминат на лето. „Реков дека на крајот на сезоната ќе ги процениме постигнатите резултати и воопшто перформансите на тимот. Го освоивме Купот и горди сме на тоа, но рано испаднавме од Лигата на шампионите и необјасниво потфрливме во шампионатот. Ова е крај на еден циклус. Почнуваме процес на обновување. Мора да работиме напорно за да бидеме конкурентни и во Ла Лига и во Лигата на шампионите”, изјави Лапорта. Една од неговите…
