Денеска стартува плеј-офот во домашното првенство. Осумте најдобри екипи од првиот дел од сезоната, ја почнуваат битката за шампионската титула. Двојките во оваа фаза се исти како во четвртфиналето од Купот кое се играше во изминатиот викенд, а ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“.
Со оглед на малиот период, плеј-офот ќе мора да се игра по забрзан ритам, среда-петок-недела.
ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ-ПРВ НАТПРЕВАР
ДЕНЕСКА:
17.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар
Сала „26.април“ – Гевгелија
17.00: Работнички – ТФТ (МРТ3)
Сала на СРЦ „Кале“ Скопје
18.30: Пелистер – Навико Академија ФМП
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
20.00: МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009
Сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје