Силекс по 24 години повторно го освои трофејот во Купот. Синоќа кратонци ја совладаа екипата на Академија Пандев на пенали и успеаја да го кренат престижниот пехар.
На прес-конференцијата по мечот, тренерот на екипата Горан Симов емотивно титулата му ја посвети на творецот на овој клуб и долгогодишен претседател Љубисав Иванов Ѕинго.
„Иако ништо не е случајно затоа што овие момци се херои. Минатата сезона стигнаа до Лигата на шампионите, а сега по толку години повторно носат трофеј за Кратово. На сите само ни е жал што Љубисав Иванов Ѕинго не е тука со нас да се израдува на овој пехар. Силекс е мој втор дом. Освоив пехар со него како играч, а сега остварувам уште еден сон. Имаме тешка сезона зад нас во која одиме од очајот до сјајот“, изјави Симов

