Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро е победник на денешната шестата трка од Мото ГП шампионатот, Големата награда на Италија. Младиот Французин за првпат во својата кариера славеше на патеката „Муџело“, каде стигна до третата победа оваа сезона.
Втор беше Мигел Оливеира на КТМ, со две и пол секунди заостанување, а трет бранителот на титулата, Жоан Мир.
Благодарение на победата, Квартараро ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман со 105 бода, 24 повеќе од Зарко.