Фудбалерите на Челзи се нови европски фудбалскии шампиони! Во големото финале вечерва во Порто против Манчестер Сити, лондончани со голот на Хаверц во 42. минута, по вторпат во својата историја го освојуваат најсилното европско клупско натпреварување.
Челзиодигра извонреден меч и успеа тотално да го разоружа силниот состав на Пеп Гвардиола. Сити имаше доминација во поседот на топката, но без вистински шанси за гол. Челзи промаши уште најмалку 3 чисти шанси за зголемена предност, додека „граѓаните“ во 96. минута ја имаа најубавата шанса на мечот, кога Марез биеше за малку над голот на Менди.
Челзи во своето трето финале дојде до втората европска титула, додека Сити во првото финале остана без европскиот трофеј.

