Ентони Дејвис постигна 34 поени и реализираше 11 скока за втора победа на ЛА Лејкерс против Феникс со 109:95 во третиот меч од првата рунда на НБА плеј-офот. „Езерџиите“ поведоа со 2:1 во плејоф-серијата пред нивниот втор натпревар на домашен терен.
Леброн Џeјмс заврши со 21 поен, а Лејкерси го ограничија Девин Букер на само 19 поени.
Во исто време, Денвер поведе со 2-1 против Портланд откако славеше со 120:115 како гостин на натпреварот број 3 во Орегон. Никола Јокиќ постигна 36 поени и повторно беше незапирлив, но изненадувањето дојде со шутевите за три поени, каде Нагетс постигна 20 тројки од 38 обиди или шутираа со 53% реализација.
Милвоки го победи Мајами и во третиот меч, овој пат со 113:84 и веќе води со 3-0 во серијата. Крис Мидлтон заврши со 22 поени, Холидеј додаде 19, а Јанис Антетокумпо забележа 17 поени со 17 скока.

