Раководството на Формула 1 официјално објави откажување на трката за Големата награда на Турција. Трката во Истанбул во 2021 година нема да се одржи поради ограничувања поврзани со тешката состојба со коронавирусот во земјата.
Наместо Големата награда на Турција, либерти медија одлучија да одржат втора трка на патеката во Австрија. Како резултат на промените, Големата награда на Франција ќе се одржи една недела порано – 18-20 јуни, а потоа Формула 1 ќе одржи две трки во Австрија: 27-27 јуни и 2-4 јули.

