Ракометната репрезентација на Македонија вчера ги доби противниците за Еп 2022, а веќе од денеска, навивачите можат да набавуваат билети за престојните настапи на првенството на Стариот континент. Македонија ќе игра против Словенија, Црна Гора и Данска на Европското првенство во Унгарија и Словачка следната година.
Македонија се најде во групата „А“, што значи дека нашите дуели ќе се играат во унгарскиот град Дебрецен. Денеска ќе стартува продажбата на билетите за мечевите во Дебрецен и Сегед.
Дневен билет (кој ги вклучува двата меча) може да се купи за 14 евра од четвртата категорија, додека оној од првата категорија чини 33 евра. Групен билет (кој ги вклучува шесте меча од групата) може да се купи за 37 евра од четвртата катеогрија, додека оној од првата категорија чини 89 евра. Достапни се и ВИП билети – дневен 89 евра, додека групниот чини 247 евра.