Малиот лондонски тим Фулам од синоќа и официјално се враќа во Чемпионшип лигата. По поразот од екипата на Барнли со 2:0, Фулам и математички испадна од Премиер лигата и следната сезона ќе игра во второто по ранг фудбалско натпреварување во Англија.
Претходно, Шефилд Јунајтед и Вест Бром исто така останаа без можност да се спасат, па веќе е комплетирано триото кое следната сезона се сели во понизок ранг на натпреварување. Норич и Ватфорд се првите два тима кои се враќаат во елитата. Третиот тим ќе биде одреден по одигрувањето на плејофот.

