Антон Фетисов, директорот на одделот за односи со јавност во Спартак (Москва), со сопругата бил нападнат од поголема група луѓе на излегување од ресторан.
Фетисов бил пренесен во болница и сместен на интензивна нега. Во моментов е свесен, но има многу повреди, а особено е сериозна повредата на мозокот. Полицијата веќе започна истрага за инцидентот.
„Згрозен сум! Веројатно се работи за пијани луѓе, но ова се само претпоставки. Му посакувам да биде силен заради своето семејство“, објави на социјалните мрежи познатиот руски новинар Василиј Уткин.
Засега е нејасно дали нападот врз Фетисов е поврзан со неговите професионални должности. Спартак е на второто место во руската Премиер лига.

