По вчерашната победа над Швајцарија и потврдениот пласман на европското првенство, селекторот и капитен на нашиот национален ракометен состав, Кире Лазаров, направи свој осврт на дуелот и настапот во квалификациите.
„Да им се заблагодарам на моите играчи за сето она што го направија во овие четири натпревари. Успеавме да направиме три победи од четири натпревари против реномирани репрезентации. Во денешно време не е лесно да се победи ни една Финска. Денеска одигравме многу квалитетно и покрај сите сомнежи дека нема да го добиеме овој меч. Останавме чесни пред нас, пред Бога, пред нашите фамилии, момците покажаа карактер. Одигравме многу квалитетен меч, направивме два-три чекора напред во овој период од два-три месеци. Зневме што правиме во секој момент и тоа ми е драго. Денеска малку и не испровоцираа изјавите на Швајцарците пред мечот, дека биле блиску со Данска, а заборавија дека ние ја победивме Данска. Треба малку повеќе да не респектираат“, вели Лазаров.