Македонската ракометна репрезентација в четврток во Виена ќе ги очекува противниците за ЕП 2022. Според ЕХФ ранкингот, Македонија би требало да се најде во третиот шешир заедно со селекциите на Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.
Во првиот шешир би требало да се најдат Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија и Португалија, вториот да го сочинуваат: Шведска, Данска, Србија, Русија, Унгарија и Австрија, додека во четвртиот шешир да бидат најслабо рангираните: Ц. Гора, Холандија, Полска, БиХ, Украина и Литванија.