Author: saso

Екипите на Атлетик Билбао и Барселона вечерва во Севилја (21:30 ч.) ќе го одиграат финалето на Купот на кралот за сезоната 2020/21. За Атлетик Билбао денешното финале е нивна втора шанса да го освојат Купот овој месец. Пред само две недели, Баскијците играа против големиот ривал Реал Сосиедад во решавачкиот натпревар за трофејот од минатата сезона, но заминаа со празни раце, откако го загубија финалето со 1:0. Досега Атлетик го освои трофејот 23 пати, но последниот триумф им беше одамна, поточно во 1984 година, кога со 1-0 славеа над денешниот ривал. Во Барселона нема да бидат ништо помалку мотивирани за…

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити е близу до преселба во Премиер лигата. Според информација на весникот „Мундо Депортиво“, три англиски клуба имаат понуда за него и тоа: Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Барселона е подготвена да се раздели со Умтити следното лето. Раководството на каталонскиот гигант го вклучи Самуел во списокот на играчи за кои каталонскиот клуб е подготвен да ги разгледа понудите. Се споменува сума од 10 милиони евра која би била доволна за негова слобода.

Read More

Бројот на позитивни тестови на Ковид-19 во турскиот кошаркарски гигант, Фенербахче, се искачи на седум. Поради тоа вчера беше одложено дербито со Анадолу Ефес во турскиот шампионат, а засега останува неизвесно дали ќе се одигра и нивниот прв меч од плеј-офот во Евролигата. Фенербахче на 21 април го игра првиот натпревар од плеј-офот во Евролигата во Москва против ЦСКА, но засега не се знае дали ќе има доволен број на здрави кошаркари за настап.

Read More

Навивачите во Италија од 1 мај се враќаат на стадионите и во салите. Ова е всушност одлука на италијанската Влада која денеска ја потврди и премиерот Марио Драги. Од 1 мај, во регионите кои ќе бидат означени како жолтата зона, спортските објекти повторно ќе можат да бидат домаќини на навивачи и ентузијасти за фудбал и останати спортови. Според планот на Владата, ограничувања во бројот на гледачи на стадионите и во салите ќе има сигурно. За градовите кои ќе се најдат во жолтата зона ќе биде дозволено присуство на максимум 25% од капацитетот на стадионите, додека во салите веројатно ќе има…

Read More

Новак Ѓоковиќ се врати на терените и веднаш победи. Најдобриот тенисер на светот се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако во второто коло го победи Јаник Синер од Италија со 6:4, 6:2. Тоа беше прв натпревар на Ѓоковиќ по освојувањето на титулата на Австралија опен. Србинот има скор 10-0 оваа сезона, а во втората рунда во Монако ќе го чека подобриот од делот меѓу Еванс и Хуркач.

Read More

Италијанските медиуми јавуваат дека Јувентус и Интер подготвуваат договори за доведување на Мојс Кин од Евертон, кој годинава игра како позајмен во ПСЖ. Италијанскиот напаѓач призна дека сè уште не знае каде ќе игра следната сезона по синоќешниот настап за ПСЖ во Лигата на шампионите. Според Тутоспорт, и Јувентус и Интер го имаат 21-годишникот како една од нивните примарни цели за следната сезона. Торинскиот весник објави дека „нероаѕурите“ би можеле да го понудат Матиас Весино во договор за размена со Евертон плус-готовина, бидејќи Карло Анчелоти го сакаше уругвајскиот репрезентативец и претходно. „Старата дама“, пак, размислува да го понуди Мерих Демирал…

Read More

Точно 100 дена пред почетокот на Летните олимписки игри во Токио, потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Џон Коутс, уште еднаш ја отфрли можноста за краткорочно откажување на Игрите. „Игрите ќе бидат најбезбедни“, потврди Коутс и покрај тоа што пандемијата со Ковид-19 не се намалува. Но, токму денес, здравствените власти во Јапонија предупредија на ново влошување на состојбата во врска со ковид-19 низ целата земја. „Ако вирусот продолжи да се шири, ќе биде тешко да се реализираат Олимписките Игри во предвидената форма и со спортисти од сите земји, дури и ако Игрите се одржат без присуство на гледачи“, сумираат здравствените…

Read More

Охрид и Охридското Езеро и ова лето ќе бидат домаќини на две големи пливачки манифестации од светски ранг во организација со Светската пливачка федерација (ФИНА). Во календарот на официјални спортски пливачки манифестации на ФИНА во август влегоа трката на 25 километри од Свети Наум до Охрид, како втора од распоредот на светски маратонски трки на отворени води, како и олимписката дисциплина на 10 километри. Традиционалниот Охридски пливачки маратон е закажан за 21 август, додека трката на 10 километри ќе се одржи една недела подоцна.

Read More

Динамо (З) вчера ја победи Локомотива во 28. коло од хрватското првенство, но очигледно остана без нашиот репрезентативец Аријан Адеми кој мораше да го напушти мечот во 57. минута. Според пишувањата на хрватските медиуми, повредата на Адеми е сериозна, а некои претпоставуваат дека можеби се работи и за скршеница, која ќе биде сериозен проблем за настапот на Адеми и во дресот на нашата репрезентација која ја чека настап на ЕП. „Адеми има оток на стапалото, треба да почекаме на рентгенот, но прогнозата не е премногу добра“, изјавил тренерот на „модрите“, Дамир Крзнар по натпреварот.

Read More

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска на пладне во Хотелот „Русија“ во Скопје ќе го има собирот пред двомечот со Романија во битката за пласман на светското првенство во Шпанија кое ќе се одржи кон крајот на оваа година. Селекторот Симе Симовски за овој двомеч со Романките повика 20 ракометарки на скратениот список објавен минатата недела, кои денеска треба да му се стават на располагање пред првиот дуел кој треба да го одиграме на гости. Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Букурешт в сабота на 17 април во 17 часот, а реванш натпреварот е закажан на 21 април во…

Read More