Точно 100 дена пред почетокот на Летните олимписки игри во Токио, потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Џон Коутс, уште еднаш ја отфрли можноста за краткорочно откажување на Игрите.
„Игрите ќе бидат најбезбедни“, потврди Коутс и покрај тоа што пандемијата со Ковид-19 не се намалува.
Но, токму денес, здравствените власти во Јапонија предупредија на ново влошување на состојбата во врска со ковид-19 низ целата земја. „Ако вирусот продолжи да се шири, ќе биде тешко да се реализираат Олимписките Игри во предвидената форма и со спортисти од сите земји, дури и ако Игрите се одржат без присуство на гледачи“, сумираат здравствените власти во Јапонија.