Навивачите во Италија од 1 мај се враќаат на стадионите и во салите. Ова е всушност одлука на италијанската Влада која денеска ја потврди и премиерот Марио Драги.
Од 1 мај, во регионите кои ќе бидат означени како жолтата зона, спортските објекти повторно ќе можат да бидат домаќини на навивачи и ентузијасти за фудбал и останати спортови.
Според планот на Владата, ограничувања во бројот на гледачи на стадионите и во салите ќе има сигурно. За градовите кои ќе се најдат во жолтата зона ќе биде дозволено присуство на максимум 25% од капацитетот на стадионите, додека во салите веројатно ќе има меѓу 500 и 1000 навивачи, во зависност од капацитетите на арените.

