Ѓоковиќ се врати на терените и победи на стартот во Монте Карло

0

Новак Ѓоковиќ се врати на терените и веднаш победи. Најдобриот тенисер на светот се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако во второто коло го победи Јаник Синер од Италија со 6:4, 6:2.

Тоа беше прв натпревар на Ѓоковиќ по освојувањето на титулата на Австралија опен. Србинот има скор 10-0 оваа сезона, а во втората рунда во Монако ќе го чека подобриот од делот меѓу Еванс и Хуркач.

Share.

Leave A Reply