Охрид и Охридското Езеро и ова лето ќе бидат домаќини на две големи пливачки манифестации од светски ранг во организација со Светската пливачка федерација (ФИНА).
Во календарот на официјални спортски пливачки манифестации на ФИНА во август влегоа трката на 25 километри од Свети Наум до Охрид, како втора од распоредот на светски маратонски трки на отворени води, како и олимписката дисциплина на 10 километри.
Традиционалниот Охридски пливачки маратон е закажан за 21 август, додека трката на 10 километри ќе се одржи една недела подоцна.

