Баерн Минхен, кој испадна од овогодинешната Лига на шампиони, може да добие уште една шанса да го одбрани трофејот освоен минатата сезона. Според информација на весникот Билд, УЕФА сериозно размислува да ги врати Баварците во тековното издание на турнирот, иако беа елиминирани во четвртфиналето од ПСЖ.
Според германскиот весник, во петок ќе има состанок на Извршниот комитет на УЕФА, на кој ќе се одлучи дали Манчестер Сити, Челзи и Реал Мадрид ќе бидат отстранети од натпреварувањето.
Сите три клуба се меѓу основачите на Суперлигата, на што УЕФА силно се спротивставожи. Претседателот на Данскиот фудбалски сојуз и член на Извршниот комитет на УЕФА, Јеспер Молер, потврди дека постои опција да се отстранат Манчестер Сити, Челзи и Реал од турнирот.

