Италијанскиот портал Калчомеркато пишува дека Барса му понудила на Пјаниќ три клуба како опција за да ја продолжи кариерата. Босанецот очигледно нема да остане во Каталонија и следната сезона, но од Барселона се уште не сакаат да ги откријат имињата на клубовите.
Пјаниќ од пристигнувањето во Барса има само 28 настапи. Последен пат играше против ПСЖ во Лигата на шампионите. Според некои пишувања, Пјаниќ најверојатно ќе се врати во Италија, но со оглед на тоа што продажбата на Пјаниќ е проблем, голема е веројатноста тој да биде испратен на позајмица.

